Се известуваат правните лица што имаат седиште на територијата на општина Пробиштип дека во периодот што следуваше општина Пробиштип изготви опомени за неплатена комунална такса и истите ги дистрибуираше по електронски пат на мејл адресите кои што правните лица ги имаат оставено во евиденцијата на општината.
Имајќи во предвид дека рокот за наплата на комуналната такса е изминат и веќе рокот по опомените e исто така поминат ги известуваме правните лица дека во општина Пробиштип веќе се изготвуваат решенијата за присилна наплата и во периодот што следува истите ќе бидат реализирани.

Општина Пробиштип
Одделение за финансиски прашања