СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

            Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2018 година.

Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги,  да достават Програма за 2018 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 08 – 16 часот, а најдоцна до 20.10.2017 година (петок). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

                                                                                                              ОПШТИНА ПРОБИШТИП

                                                                                                      ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

ПРО ФЕСТ 2017 (Соопштение)

Во организација на Општина Пробиштип и на Дом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип на ден 08.10.2017 година, во 20 часот во хотелот Сан Нико ќе се одржи 37-то издание на Републичкиот фестивал на пеачи аматери „Профест“ 2017.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

            За ждребување за места за лепење на изборни плакати во Општина Пробиштип

Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи  чии листи на кандидати за Градоначалници и Листи за кандидати за советници  се прифатени  од страна на ДИК за Локалните избори што треба да се одржат на 15.10.2017 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип,  ќе се одржи на 27.09.2017 година (среда) во 12:30 часот во салата  на Општината Пробиштип.

Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 27.09.2017 година (среда) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип.

Прскање против комарци (23.08.2017)

На ден 23.08.2017 година во раните утрински часови во периодот од 00 – 06 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено петтото по ред теристичко третирање против возрасни комарци