На 3 септември ѕвончето во сите училишта се огласи повикувајќи ги сите 1397 ученика, кои годинава се запишани во општинските училишта во Пробиштип, за првиот училишен час.
Годинава во двете основни училишта се запишани 1106 ученика од кои во Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ се запишани 680 ученика или во централното 416, во ПУ во Злетово 191, во ПУ во приградската населба Пробиштип 63, во ПУ во с. Ратавица 8 и во ПУ во Добрево 2 ученика. Во Општинското основно училиште „Никола Карев“ се запишани вкупно 426 ученика, од кои 418 се запишани во централното училиште и 8 ученика во подрачното училиште во с. Стрмош. Годинава за прв пат во училишните клупи седнаа вкупно 117 првачиња или 66 во ООУ „Браќа Миладиновци“ од кои пак 41 во централното училиште, 15 во Злетово, 8 во ПУ во приградска населба Пробиштип и по едно во с. Ратавица и с. Добрево. Во ООУ „Никола Карев“ запишани се 51 прваче од кои 49 во централното училиште, а 2 во ПУ во с. Стрмош.