Одбележан Денот на Пожарникарите во Пробиштип

По повод 20-ти мај – Ден на пожарникарите во Република Македонија, ТППЕ на градскиот плоштад во Пробиштип одржа тактичко-показна вежба, на која беше демонстрирано спасување на лице, настрадано во сообраќајна несреќа.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган  Анастасов, им го честиташе празникот на пожарникарите и им се заблагодари за несебичниот ангажман кој го даваат за нашата безбедност и сигурност, ризикувајќи го сопствениот живот.

Од пожарникарите побара професионален однос како и до сега и посветеност на работата, бидејќи нивната мисија и нивната храброст се важен фактор во градењето на сигурноста и безбедноста на нашите граѓани.

den na pozarnikari 2018 2 den na pozarnikari 2018 3 den na pozarnikari 2018 4 den na pozarnikari 2018 5

Регионални пензионерски спортски игри во Пробиштип

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов денес (17.05.2018г.) ги отвори 33-тите регионални пензионерски игри.

Во  своето обраќање тој истакна дека, овие игри се прилика за зацврстување на ентузијазмот, пријателствата, но и здравјето на пензионерите.

Несебичната поддршка од општина Пробиштип за пензионерите ќе продолжи и понатаму, во соработка со Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе се реконструира дел од здравствениот дом „Нада Михајлова“  каде што е предвидено да се смести геријатриско одделение и дом за стари лица, од што бенефит ќе имаат, не само граѓаните од општина Пробиштип, туку и оние од соседните општини.

Согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Здружението за старосни пензионери во Пробиштип, Општината и понатаму активно ќе работи на остварување на взаемната соработка и во делот на развивање партнерство и поттикнуање на граѓанската свест за развој на локалната демократија, како и охрабрување во делот на зголемување на мобилноста на лицата во трето доба во рамките на Општината.

penzionerski igri2

Матурантите ја најавија матурската забава

Матурантите од педесет и четвртата генерација на средношколци во општина Пробиштип заедно со Балетското студио „Магија“ на Градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ имаа свој мал перформанс, со кој го најавијa, настанот што следи „Дефиле на матурантите“, манифестација, која се случува осма година по ред.

Ова е прва година, што со ваков вовед матурантите ја најавуваат својата матурска забава, за што искрено се надеваме дека ќе стане пракса и ќе биде составен дел од одбележувањето на матурската забава. Инаку, ве потсетуваме дека манифестацијата „Дефиле на матурантите“ ќе се одржи во четврток со почеток во 20:30 часот на секундарниот плоштад во Пробиштип.

maturanti 20182 maturanti 20183 maturanti 20184

 

Благодарница за ОК Весна Пробиштип

По повод освоеното второ место и сребрен медал во Купот на Македонија во одбојка, градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов на одбојкарите од ОК ВЕСНА Пробиштип, додели благодарница од општина Пробиштип за постигнатиот успех и ваучер во вредност од 60.000 денари, согласно Правилникот за наградување.
На приемот, истакна дека ОК ВЕСНА Пробиштип е спортска гордост на Општината во изминатите години и дека општина Пробиштип и во наредниот период несебично ќе ги помага и поддржува во рамките на своите можности. Упати голема благодарност до спонзорот на ОК, фабриката за акумулатори ТАБ МАК и додаде дека без несебичната финансиска подршка од нив, успесите на клубот се практично невозможни.
На крај им се заблагодари за придонесот на играчите, со надеж и желби за уште поуспешна сезона догодина.

odbojkari blagodarnica2

Совет на млади

Советот на млади на општина Пробиштип, одржа координативен состанок на кој беа дискутирани актуелни теми кои ги засегаат младите во општината. Ова советодавно тело ќе биде главниот претставник и гласот на младите пред локалните власти, кое ќе предлага активности и проекти кои ќе придонесат за поголема афирмација на младите.

Општина Пробиштип го одбележа светскиот Ден на планетата земја

Со низа на активности општина Пробиштип го одбележа 22. април – светскиот Ден на планетата земја.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов одржа прес конференција на којашто ги презентираше тековните и идни активности и проекти, кои се во насока на намалувањето на штетото влијание врз животната средина.

Еден од проектите е Биоотпад којшто има за цел преработка на органскиот отпад во 3 копмостери, една наменета за угостителските објекти и две за населението, од која ќе се добива високо квалитетно ѓубриво кое општината ќе го користи за свои цели. Преку практично, но и научно истражување на работењето на единиците да се покаже ефикасноста на воспоставувањето на новиот систем за собирање на отпад, по принципот – „плаќај колку што фрлаш“.

Велосипедистите од општинските училишта го одбележаа денот со велосипедско дефиле почнувајќи од ул. „Цветко Тонев“ низ повеќе улици во градот, а финишираа на градскиот плоштад.

Се одржа и работилница во ОУ „Никола Карев“, на којашто учениците од општинските училишта изработија предмети од рециклирачни материјали.

02 den na planeta zemja

den na planeta zemja1 den na planeta zemja2 den na planeta zemja3 den na planeta zemja4 den na planeta zemja5 den na planeta zemja6

Официјална посета на директорот на Агенција за млади и спорт во општина Пробиштип

Денес, 19.04.2018,  директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, беше во официјална посета на општина Пробиштип, на којашто заедно со градоначалникот Драган Анастасов ја разгледаа фактичката спортска инфраструктура во општината и ги  усогласија потребите на општината со планот на Агенцијата, разговараа за идни вложувања се со цел за подобрување на истата и вложување во спортот.

На средбата беа во Злетово каде што направија увид на моменталната состојба на базенот и можноста за негова реконструкција и ставање во функција на истиот, но и изградба за игралиште во негова близина.

Во основното училиште Никола Карев ја разгледаа моменталната состојба на базенот и спортската сала и разговараа за нивното одржување и подобрување на условите за целосно да се искоритат овие капацитети.

Посетата заврши во населба Калниште кај игралиштето, за коешто општина Пробиштип има изготвено план, а од каде што директорот Каевски, за локалните медиуми изјави, дека Агенцијата за млади во 2019 година ќе даде поддршка за изградба на спортски комплекс на оваа локација.

amsm poseta2 amsm poseta3 amsm poseta4

Градоначалникот ги прими учениците – спортисти, кои освоија републички награди

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска, 18 април во конференцската сала при Домот на култура „Злетовски рудар“ имаше прием на учениците, спортисти, од општинските училишта.

Младите одбојкари од ООУ „Браќа Миладиновци“ на неодамна завршениот републички натпревар во одбојка – машки за ученици од основните училишта го освоија второто место, доека младите фудбалери, членови на училишниот спортски клуб при СОУ „Наум Наумовски Борче“ во футсал, го освоија првото место и се државни шампиони.

Учениците во придружба на своите ментори Емил Спасовски и Јонче Ѓеорѓиевски, заедно со директорките на училиштето беа на прием кај градоначалникот Анастасов, кој честитајќи им го успехот и заблагодарувајќи им се за постигнатиот резултат и достојното претставување на општина Пробиштип им вети поголеми вложувања во спортот во иднина.

На учениците и на менторите им додели благодарница за достојно претставување на општина Пробиштип, пракса која со години се применува во вакви и слични настани, се со цел мотивирање на младите за да спортуваат и да се насочат кон убави и позитивне нешта, а што подалеку од секојдневните пороци, кои ги демнат на секој чекор. Средбата ја завршија со заедничка фотографија за спомен од настанот.

Р.И.

sportisti priem2 sportisti priem3 sportisti priem4 sportisti priem5

Објава бр. 11

Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-320/21 од 26.03.2018 година, е имот во сопственост на општина Пробиштип деловен објект со намена за вршење на угостителска дејност, евидентиран во ИЛ 57 за КО Лесново во вкупна површина од 151 м2, во вредност од 1.982.207,00 денари.

Objava 11

Линк до аукција
http://e-aukcii.probistip.gov.mk/item/156