Денес, 16.04.2016 година се одржа деветата седница на Локалниот совет за превенција при општина Пробиштип. Темата на седницата беше „Улогата и значењето на институциите за безбедно спроведување на Претседателските избори 2019“.

На седницата присуствуваа претсавници од Секторот за внатрешни работи од Штип, Полициска станица од Пробиштип, претседателот и членови на Советот на општина Пробиштип, преставник од Општнската изборна комисија, Советодавната граѓанска група, претсавници од образование, здравство, медиуми и други.

За надлежностите на Општинската изборна комисија зборуваше претседателката Ана Ѓоргиева, командирот на Полициската станица Пробиштип, Панче Јовановски ја истакна улогата на полицијата при обезбедувањето на Претседателските избори. Свое излагање имаше и началникот на отсекот за превенција од СВР Штип, Ангелче Стојановски, којшто зборуваше за составот и улогата на Локалниот совет за превенција за цел успешно спроведување на изборите.

Заклучок од седницата изнесе Љупчо Благоевски, којшто ја водеше седницата во замена на градоначалникот, со порака до граѓаните на општина Пробиштип, да покажат одговорност на овие избори, да се одржат во мирна и безбедна атмосфера, согласно изборните закони без да се загрози безбедноста и мирот на граѓаните.

prevencija 2