По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2018 година (сабота) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.
Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 15 – 18.01.2019 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.
Со песната Вечниот бог, стотина бадникари на градскиот плоштад го најавија раѓањето христово. Кај новогодишната елка бадникарите ги пречека претседателот на Совет на општина Пробиштип, Љупчо Благоевски, кој на сите присутни им дари по едно бадниково пакетче. Претходно со свечена поворка по главната улица бадникарите продефилираа, пеејќи божиќни песни.
Нови кумови на манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“ се Емилија Јованчевска, претставник од рудникот „Минстрои Булмак 2016“ и Драган Николовски
Традиционално дваесетина години во очи на нашиот најголем христијански празник, Божиќ, се одржува манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“. На месноста Жгури се собираат неколку стотици љубители на оваа манифестација и ги берат бадниковите гранчиња, кои се дел од бадниковата трпеза. Секоја година манифестацијата започнува во некој од угостителските објекти, каде што се собираат претставниците на бизнис секторот и каде се избира кумот за наредната година, кој пак ја подготвува посната трпеза, греана ракија и чај, а сето тоа проследено со добра музика, која прави убава забава, а секако обавезни се и бадникарските огнови. На местото на настанот се дели погача, преку што се избира уште еден од кумовите на настанот, овој пат од посетителите. Кумови на овогодишната манифестација се Дејан Јосев, од фирмата Алпина Деј и Атинка Стојчевска Барљамова. Годинава бизнис секторот се собра во хотелот Сан Нико, каде за кум на настанот и воедно организатор на настанот во 2020 година е избран Емилија Јованчевска, претставник на рудникот „Минстрои Булмак 2016“ а на местото на настанот паричката му се падна на Драган Николовски, кој исто така е еден од организаторите во наредната година. Градоначалникот Анастасов, честитајќи им го кумството, на кумовите им подари златник, односно сребреник.
Почитувани,
По повод новогодишните и Божиќни празници, општина Пробиштип ја организира манифестацијата Дедо мраз меѓу пробиштипјани. Од таа причина ги известуваме сите дечиња дека во деновите 27 и 28. 12.2018 година (четврток и петок) Дедо мраз ќе биде во центарот на градот, пред кино салата во период од 17 – 19 часот, а во деновите 29 и 30.12.2018 година (сабота и недела) ќе биде на градскиот плоштад и пред кино салата во период од 11 – 14 часот. Ќе дели бонбончиња и ќе имате можност да се фотографирате со него.
Повелете заедно со него да го најавиме доаѓањето на Новата година…
По повод престојните Новогодишни и Божиќни празници, Општискиот совет за безбедност на сообраќај на патишта – Пробиштип упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја избегнат комбинацијата алкохол VS возење.
Почитувани сограѓани,
Во сообраќајот не сте сами… имајте го тоа на ум!
Помислата „вчера пиев и возев и пак стиигнав безбедно дома“ заборавете ја!
Не стигнавте безбедно дома, само имавте среќа да стигнете дома!
Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот!
Кога пиеш не вози и кога возиш не пиј!
13 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни незгоди.
Фудбалерот на ФК “Рудар” Дарко Анастасовски и фудбалерката на ФК “Истатов” Ели Јаковска се нај спортистите за 2018 година. Спортски клуб на годината е ОК “Весна Пробиштип”. На Ванчо Лепитков, Киро Димитриевски и Димче Анастасовски доделени се благодарници за особен придонес во развојот на спортот. Посебна благодарница за најсестран апортист на сите времиња е доделена на Александар Илиевски – Цанко, а од општината им се заблагодарија и на компаниите ТАБ МАК и БУЛМАК за нивната поддршка на спортот. Доделени се благодарници на сите активни спортски клубови за придонес во спортот.
По повод 8-ми декември, св. Климент Охридски, на 07декември, во холот на Дом на културата „Злетовски рудар“, со почеток во 12 часот беше организирана изложба на фотографии со мотиви на Пробиштип и на нашата општина, а на истата беа доделени наградите на наградените на Конкурсот за најдобра фотографија.
Конкурсот беше во две категории, на слободна тема со мотиви од опшината и на зададена тема, „Нашиот Пробиштип“. Во категоријата на слободна тема третата награда ја доби Леон Донев за фотографијата Свети Спиридон, второто место му припадна на Константин Митевски за фотографијата балерина и првата награда ја освои Крсто Трајков за фотографијата есен во с. Добрево. Во категорија на зададена тема третото место му припадна на Леон Донев за фотографијата убавина, второто место го освои Крсто Трајков за фотографијата црква од запад и за фотографјата молња, Константин Митевски ја освои првата награда, воедно е и победник на фото конкурсот 2018 година.
Од страна на претседателот на Совет на општина Пробиштип на наградените им беа доделени вредносни ваучери.
Годинава беа изложени сите фотографии произлезени од сите седум фотоконкурски што ги организираше Општина Пробиштип. Од страна на Раководителот на Одделението за јавни дејности беше најевоно дека оваа изложба во текот на 2019 година ќе ја видат голем број на градови во Македонија.
Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска подршка на единиците на локалната самоуправа и едники корисници основани од едниците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (Сл. Весник на РМ бр.209/2018), Градоначалникот на општина Пробиштип објавува:
На ден 06.12.2018 година (четврток), Општина Пробиштип ќе врши заловување на кучињата скитници во Пробиштип. Тоа подразбира заловување, ставање времено во стационар, третирање на кучињата, вакцинирање, кастрирање и чипирање. Оние кучиња кои се стари и изнемоштени ќе бидат еутаназирани. Се известуваат сите сопственици на кучиња, да си ги затворат домашните миленици, а за сите оние кои ќе бидат заловени, а се кучиња кои имаат сопственици, враќањето и третманот на кучињата ќе биде на терет на сопственикот. Вакви и слични акции ќе бидат извршени во наредниот период за што дополнително ќе ве информираме, а се со цел да го решиме проблемот со кучињата скитници во општина Пробиштип.