Со свеченост во салата на Совето на општина Пробиштип и годинава беа прогласени најдобрите учители. Јулијана Мицовска, од ЈОУДГ „Гоце Делчев“, Маја Митевска Поцева, од ООУ „Браќа Миладиновци“, Даниела Стојанова, од ООУ „Никола Карев“ и Југослав Јакимовски од СОУ „Н.Н. Борче“ се овогодишните добитница на ова престижно признание, кое веќе десета година по ред Општина Пробиштип им го дава на најдобрите учители во овие општински установи. На свеченоста за значајот на празникот говореше Раководителот на Одделението за јавни дејности, Раде Илиевски, а Градоначалникот Драган Анастасов на присутните учители честитајќи им го празникот, говореше што се е направено во изминатата година во воспитно образовните установи во општината, за подобрување на условите за престој и за настава и што се ќе биде направено во наредниот период.

Горди се од Општина Пробиштип со фактот што сме единствени во државата, што на ваков начин го одбележуваме овој значаен датум. На свеченоста од ООУ „Браќа Миладиновци“ имаше една прекрасна музичка точка, насловена „Нема ништо посилно од љубовта“. По повод денот беше распишан литературен конкурс на тема „Учителот“, а Градоначалникот на најдобрите три им даде пригодни награди. Среќен празник и за многу години драги учители…

den na ucitel 2019 2 den na ucitel 2019 3 den na ucitel 2019 4 den na ucitel 2019 5 den na ucitel 2019 6 den na ucitel 2019 7 den na ucitel 2019 8