Анкетен лист за ДУП за Блок 13.1
известување за ЈП и ЈА за Блок 13.1.p.g.-potpisano
Со свеченост во салата на Домот на култура беше промовирана брошурата 10 години Пробиштипски маскенбал, под мотото 10 години сме, 10 години забава. Имаше презентација на развојниот пат на сите изминати 10 години. Од тешка импровизација до оригинална манифестација. Балетското студио “Магија” на многу оригинален начин ги презентира сите изминати години, а на поединци и институции им беа дадени благодарници за поддршка и унапредување на манифестацијата. Беа доделени и награди на најдобрите три креативно изработени маски, по конкурсот распишан од Општина Пробиштип.
Пробиштип вечерта на 30.03.2019 година (сабота) ќе им се придружи на над 7000 градови во светот кои во рамки на акцијата „Час на планетата Земја“ во 20:30 часот по локално време ќе го исклучат јавното осветлување на
одредени јавни површини во центарот на градот, во времетраење од еден час.
Ќе бидат исклучени светилките на главната улица „Јаким Стојковски“, ул „Јордан Стојанов“, градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ и Секундарниот плоштад.
Акцијата ќе ја поддржат милиони луѓе ширум светот кои вечерва симболично еден час ќе ги исклучат светилките во своите домови за спас на планетата Земја.
Акцијата е директно поврзана со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електричната енергија и користење на обновливи извори на енергија.
На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.
Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“. Преку реализацијата на овој проект, финансиран со средствата од Европската унија, се поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекта со што се допринесува за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку користење на алтернативни извори за производство на енергија и заштита на животната средина. Со средствата од Европската Унија во општина Пробиштип, финансирано е поставување на фотоволтаични системи на следните објекти ООУ „Никола Карев“, Спортска сала во ООУ „Браќа Миладиновци “ и ЈОУДГ „Гоце Делчев“ – објект Изворче.
Со овој проект се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија, согласно стратешките напори на Владата за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.
Со набавката и инсталацијата на фотоволтаичните системи сите три објекти произведуваат по 15kW електрична енергија на час, со што се направија значајни заштеди кај овие објекти, воедно директно се намалауваат трошоците на Општината.
Вчера на 23 март на градскиот плоштад во Пробиштип се случи осмото традиционално издание на манифестацијата “Зелникот на баба” 2019.
Учество земаа 16 града од РМ, три од Р. Бугарија и еден од Р. Србија. На лице место се демонстрираше како се изготвува и како се пече под вршник. Имаше натпревар во брзо сукање, каде победи натпреварувачката од Новаци, за нај етно украсена маса беше избрана масата на гостите од Алексинац, Р. Србија. Најмногу средства собраа жените од Пробиштип. Даниела Темелковска и Ирена Спасовска направија одлична атмосфера, се играше на градскиот плоштад кој никогаш не е бил повеќе исполнет. КУД Злетовски рудари и балетот Магија беа преубав декор на сцената. Се на се уште едно успешно издание на Зелникот на баба, кое ќе биде запаметено по огромната посетеност…
Human art gallery, весели пуканки – pop corn и stick man се трите маски победнички на Злетовскиот маскенбал. Овие три маски ќе бидат дел од Пробиштипскиот маскенбал 2019. И годинава на Злетовскиот маскенбал беше мошне интересно, а имаше и голем број најразлични маски, сепак убедлива победа освои маската “Human art gallery” на креативниот ментор Емил Спасовски.
По повод Христијанскиот празник Младенци, празникот на љубовта и младоста општина Пробиштип ќе го организира настанот „Парк на младенци“. По тој повод ги покануваме сите младенци на 22-ри март (петок) со почеток од 10 часот да бидат дел од настанот кој ќе се одржи во Градскиот парк во Пробиштип и да ја засадат својата роза која е симбол на убавина, мир и љубов.
Почитувани сограѓанки,
На 23 март 2019 година (сабота) со почеток во 12 часот на градскиот плоштад ќе се одржи осмото издание на манифестацијата „Зелникот на баба“. Вообичаено ќе бидат изложени сите изработки од тесто на вредните наши сограѓанки и секако гостите од Македонија, Бугарија и Србија. На лице место ќе се демонстрира како се изработува овој наш традиционален специјалитет и печење под вршник. Ќе има натпревар во брзо сукање, а ќе има и едукација за изработка на зелник. Ќе бираме и нај етно украсена маса. Ги повикуваме сите наши сограѓанки кои сакаат да учествуваат на оваа убава манифестација да се пријават во Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип или на телефон 483 – 131, локал 107, каде ќе ги добијат сите потребни информации за учество.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ