Со низа на настани, Општина Пробиштип го  одбележа најголемиот македонски празник , Илинден 2021

 

                Одбележувањето на празникот започна со полагање на свежо цвеќе на спомен плочата на паднатите борци во Злетово, каде свое обраќање имаа Ѓорѓи Панов, претседател на  членови – продолжувачи на Сојузот на борците од Злетово и околината и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов. Одбележувањето продолжи со финалето на турнирот во мал фудбал „Васил Миленов“, на кој годинава победи екипата на „Сити кафе“ од Пробиштип, поразувајќи ја второпласираната екипа, Етно гостилница Воденица 3, селект кафе од Крива Паланка. Одбележувањето на празникот заврши со концертот на фолк пејачката Елена Јовчевска, која остави голем и убав впечаток кај големиот број на посетители. Секако за време на одбележувањето внимававме да ги запазиме сите мерки на претпазливост наметнати заради корона ситуацијата.

Ilinden 2021-1Ilinden 2021-2Ilinden 2021-3Ilinden 2021-4Ilinden 2021-5Ilinden 2021-6Ilinden 2021-7Ilinden 2021-8Ilinden 2021-9Ilinden 2021-10Ilinden 2021-11Ilinden 2021-12Ilinden 2021-13

Познатиот актер Марјан Ѓорѓиевски ги насмеа до солзи пробиштипјани

Познатиот актер Марјан Ѓорѓиевски ги насмеа до солзи пробиштипјани

Во рамки на пробиштипското културно 2021 лето, сношти (29.07.2021) на летната сцена во Пробиштип се случи Stend up комедија со еден од најдобрите Stend up комичари Марјан Ѓорѓиевски. Пред полниот амфитеатар еден час овој комичар ги смееше до солзи присутните, кои желни за смеа дојдоа да ја исфрлат целата негативна енергија која година и половина во времето на короната  ја собирале. Сите си посакаа повеќе вакви насмеани денови. Искрено се надеваме на тоа, од таа причина не случајно во рамки на културното лето предвидовме и неколку Stend up настани, со желба да гледаме насмеани лица. Со ветување дека во најскоро време повторно ќе се видиме го испративме овој извонреден уметник кој остави одличен впечаток кај пробиштипската публика.

mg11 mg14 mg13 mg12

СТЕНД АП ШОУ со Марјан Георгиевски

Сите граѓани на градот Пробиштип и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, од машки глупости, од женски глупости, од инфлуенсерки, од мрзата, од завидлук, од оговарање од Вести на Тв, од макфест во Штип 🙂 и од се останато што ве мачи. Ваксајн ис каминг.
MG1

Соопштение – Прскање против комарци 23.07.2021

На ден 23.07.2021 година (петок) во раните утрински часови во периодот од 05 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки. Ги информираме и сопствениците на автомобили кои што стојат на отворено истите да ги заштитат заради мрсните траги кои ги остава средството против комарци.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

ЈАВЕН ПОВИК до Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска подршка во износ од 400 денари по ангажирано лице , дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 22 дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните вневработени лица, детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.

Заинтересираните лица може да поднесат пријава во општина Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Провиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.

Општина Пробиштип

С О О П Ш Т Е Н И Е

На ден 27.06.2021 година (недела) во раните утрински часови во периодот од 05 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско  третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Форум во заедницата-општина Пробиштип

П О К А Н А
За форум во заедницата-општина Пробиштип

Почитувани жители на општина Пробиштип,
Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општината Пробиштип во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот  „Низ  женски  леќи:  покревање  на  политики  и  буџетски иницијативи, следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост“.

Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Пробиштип, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:

  • I сесија 22.06..2021, 11:00-13:00ч- Дефинирање проблеми и предизвици
  • II сесија 24.06.2021  Дефинирање на предлог решенија
  • III сесија 28.06.2021 Презентирање на резултати и следни чекори

За учество на форумот регистрирајте се на следниов линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меилот кој сте го запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот.

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZwofu6srTwjGtw7OB3PynAQYXOfgw3kXbSb

Со почит,

Центарот за истражување и креирање политики и проектните партнери во соработка со општина Пробиштип

Известување за логопед 2021

Поради зголемената потреба од логопедските третмани општина Пробиштип ангажираше двајца логопеди . Се известуваат сите заинтересирани родители кои нивните деца имаат проблеми во говор и јазик и имаат потреба од логопедски вежби можат да закажат термин за логопедски третмани секој ден после 16 часот на телефонскиот број 075-389-555 Татјана Љапова и на тел.број  078-629-708 Клементина Ристова.

Логопедските третмани ќе се извршуваат во месеците јуни и јули во ООУ „Браќа Миладиновци“ и ПУ „Кирил и Методиј“ од  страна на логопедите Татјана Љапова и Клементина Ристова.

Оваа активност ја реализира општина Пробиштип согласно постоечките протоколи за работа со деца поради состојбата со корона вирусот. Оваа активност е   предвидена во програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2021 година.