С О О П Ш Т Е Н И Е
Во деновите 28.07. и 29.07.2022 година во периодот од 22 до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци.
На ден 30. 07. 2022 година (сабота) во текот на раните утрински часови во периодот од 05 – 09 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено втора аеросолна адултицидна дезинсекција (авионско третирање). Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Злетовица, почнувајќи од с. Пишица, па се до над Злетово, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
Врз основа на Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани жители на општина Пробиштип во трошоците за набавка на велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање бр. 26-284/8 од 12.03.2021 годна (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр.3/2021) а согласно предвидените средства во Програмата за ЛЕР за 2022 година бр. 26-928/9 од 16.12.2021 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр.14/2022) , на ден 08.07.2022 година се распишува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
субвенционирање на граѓани жители на општина Пробиштип во трошоците за набавка на велосипед
Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира жителите на Општина Пробиштип (домаќинствата) ќе надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипеди купени во 2022 година во висина од 40 % од вредноста на велосипедот но не повеќе од 4.000,00 денари нето износ по домаќинство. Персоналниот данок ќе биде на товар на општината, во рамките на предвидените средства.
Во Буџетот на општина Пробиштип во Програмата за ЛЕР за 2022 година за оваа намена предвидени се 450.000 денари. Со предвидените средства ќе се надоместат трошоците за набавка на велосипед во 2022 година.
Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Пробиштип за оваа намена.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
Право на учество на јавниот повик за субвенционирање на тошоци за велосипед има секој граѓанин-жител на општина Пробиштп кој ги исполнува следните услови:
– да е полнолетен жител на општина Пробиштип,
– да е платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее,
– велосипедот да е купен во 2022 година,
-во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција за ваков вид на субвенција.
– копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
-копија од трансакциска сметка,
– изјава за давање согласност за користење лични податоци,
– изјава за семејна состојба,
– потврда од Општина Пробиштип дека e платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее подносителот на барањето,
– фотографија за купениот велосипед,
– доказ дека купувањето на велосипедот е извршено во 2022 и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купениот велосипед или Договор за плаќање на рати со прилог доказ за платена прва рата (во оригинал или копија заверено кај нотар),
-изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и дека е согласен на барање на Комисијата да го донесе на увид купениот велосипед пред административната зграда на Општината, во спротивно барањето за субвенција ќе биде одбиено.
Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „ Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2022 година “ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање трошоци за набавка на велосипед за 2022 година “.
Архивата на Општина Пробиштип примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Образецот на барање и образецот на изјава ќе бидат достапни на веб страницата на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk и во архивата на општина Пробиштип.
Одобрувањето за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2022 година ќе го врши Комисија која има право на увид во купениот велосипед пред општинската зграда.
Одобрувањето за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2022 година ќе се врши на принципот прв дојден, прв услужен.
Комисијата има обврска:
– да ги разгледа и провери сите пристигнати барања во врска со објавениот јавен повик и
– да даде предлог до Градоначалникот за прифаќање, отфрлување или одбивање на поднесеното барање во зависност од тоа дали барателот ги исполнува условите за субвенционирање наведени во објавениот јавен повик.
За пристигнатите и обработени барања, ќе се води листа со следните податоци: име, презиме и адреса, датум и час и минута на пристигнатата пријава на Јавниот повик, износ на надоместокот за барателот и износ на персоналниот данок на доход.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Пробиштп .
Градоначалникот на Општина Пробиштип на предлог на Комисијата донесува решение за усвојување на барањето за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Пробиштип дава писмено известување за неусвојувањето.
Комисијата ги известува барателите во рок од 7 дена од денот на поднесување на барањето доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето.
На ден 11 и 12. 07. 2022 година (вечерта – понеделник кон вторник) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено трето прскање од земја против возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
Поради промена во условите и сервисите за користење на официјалната електронска комуникација на Општина Пробиштип, од 27 Јуни 2022 година, e-mail адресата info@probistip.gov.mk и сите e-mail адреси што го користат домеинот probistip.gov.mk, одреден период нема да бидат во употреба.
Сите пораки испратени на e-mail адресите кои го користат домеинот probistip.gov.mk нема да бидат примени.
До целосно враќање на услугите сите потребни информации и официјалната комуникација ќе се одвива преку e-mail адресата opstina.probistip@gmail.com
Ви благодариме на разбирањето.
На ден 22.06 2022 година во раните утрински часови во периодот од 05:00 часот до 08.00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово , а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци долж течението на Маричанска река , двете јаловишни депонии и Кундиско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.
Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
СООПШТЕНИЕ
Прскање против комарци 20-21 јуни 2022 година
На ден 20.06 и 21. 06 2022 година (вечерта-понеделник кон вторник) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23-08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово , а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци долж течението на Маричанска река , двете јаловишни депонии и Кундиско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.
Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
На ден 31.05. и 01.06.2022 година (вечерта – вторник кон среда) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
Во период од 16.05 2022 година до 19.05 2022 година беше реализирана активност предвидена во Програмата за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Пробиштип за 2022 година.
Беа оддржани едукативни предавања поврзани со судската постапка за сторени кривични дела од страна на претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Пробиштип Катерина Макреска Петковска претставник од Адвокатската комора на РСМ и Снежана Петрушев , член – претставник од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.
Учениците имаа можност да се запознаат со процедурите за постапување со децата во ризик од страна на надлежните институции согласно Закон за правда на децата.
Целна група беа учениците од деветто одделение од ООУ„Браќа Миладиновци“ ООУ„Никола Карев“ ПУ„Кирил и Методиј“ Злетово и учениците од втора година од СОУ„Н.Н.Борче Пробиштип.