Денес општина Пробиштип и Здружението за дислексија Ајнштајн од Скопје потпишаа меморандум за соработка и со што се овозможува на наставниот и стручниот кадар од основните училишта и средното училиште бесплатна онлајн обука за дислексија, состојба која предизвикува потешкотии во читањето.

Обуката ќе се обезбеди преку веб платформата или мобилната апликација.

Со овој меморандум за соработка се овозможуваат еднакви можности и услови за образование, ќе се подигне свеста, и се дава можност за воведување на инклузивно образовни услови за учениците со специфични потешкотии во учењето, како и  за доедукација наставниот кадар во областа на дислексијата.

Секој од наставниците кој ќе ја заврши обуката ќе се стекне со сертификат за успешно завршување на обуката од страна на Здружението Ајнштајн.