Општина Пробиштип во рамки на Програмата Општинско – корисна работа 2022-2023 година финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија и финансиски поддржана од општината на ден 26.09 2022 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Згрижувачко воспитна дејност и инклузија на деца” за работно ангажирање со скратено работно време заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип. Вкупниот период на влученост преку програмата е од месец октомври 2022 година до мај 2023 година , 8 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
За избраниот кандидат кој ќе биде вклучен во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
-невработени лица
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
-невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID 19
– лица корисници на гарантирана минимална помош
– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– жртви на семејно насилство
– лица со попреченост
– жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
– лица припадници на ромската етничка заедница
-лица на кои им е решен статусот со лична документација
– самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
– родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место : Еден образовен асистент со следниве работни задачи:
– Четиричасовно дневно ангажирање во СОУ „Н.Н Борче“ Пробиштип; пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата; пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности; помош и поддршка на родителите преку соработка со истите; соработка со заедницата; соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот
Позиции за работно место Образовен асистент
Потребни квалификации и занимања за Работно место: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Пробиштип, Лицето да припаѓа на една од целните групи, Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, Завршено високо образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог,социјален работник,социјален и рехабилитациски педагог , со завршено VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условит за наставник во одделенска настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип во периодот од 26.09 2022 година до 28.09 2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип кај лицето Влатко Јордановски, Центар за социјлна работа Пробиштип кај лицето Надица Крстевски.

Изработил:Анкица Кијајова                                        ГРАДОНАЧАЛНИК
Одобрил Радослав Илиевски                                  _______________________
ДРАГАН АНАСТАСОВ

Јавен Повик ОКР ОП 2022 образовен асистент