На покана на претставникот од општинската аминистрација, а по донесеното Решение за именување на членовите на Совет за социјална заштита на Општина Пробиштип од страна на Совет на општина Пробиштип денес (18.05.2026) се одржа првата конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита. За членови на Општинскиот совет за социјална заштита се номинирани претставници од граѓански организации, претставници од полиција, здравство, образование, Центар за социјална работа, Општинска организација Црвен Крст Пробиштип и Центар за вработување Пробиштип.
На првата седница согласно Деловникот за работа на Советот за социјална заштита за заменик престедател беше избрана Анета Томева, дипл.социјален работник, директор на ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип, а претседател на Општинскиот совет за социјална заштита е претставникот од општинската администрација Анкица Кијајова, Советник за социјална заштита.
Членовите имаа можност да се запознаат со надлежностите на Советот за социјална заштита и улогата на ова тело во креирањето на локалните политики за задоволување на социјално заштитните потреби на жителите од општината.
Од страна на претставникот на општинската администрација беше нагласено дека членовите ќе се фокусираат на мапирање на социјалните проблеми и идентификација на ранливите групи во општината до развој на нови иновативни социјални услуги .
Со заедничка поддршка ќе изградиме похумано и подостапно општество за сите преку реализација на мерки и активности за надминување на социјалните проблеми кај жителите од општина Пробиштип.
