Со тактичко-показни вежби од страна на пожарникарите од ТППЕ Пробиштип и претставници од Центар за обука и заштита од пожари „ПЕГАЗ ЕДУ“ од Битола, денес во општина Пробиштип беше одбележан Денот на пожарникарството.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ беше изведена тактичко-показна вежба за евакуација, спасување и гасење пожар, чијашто цел беше увежбување на тактичките варијанти за оперативно делување на ТППЕ и останатите институции.

На градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ во Пробиштип, пожарникарите од ТППЕ – Пробиштип и претставниците  од Центар за обука и заштита од пожари „ПЕГАЗ ЕДУ“ од Битола, реализираа тактичко-показна вежба симулација на пожар во општинската зграда.

Градоначалникот Драган Анастасов ја проследи вежбата, по што им се обрати на пожарникарите честитајќи им го денот на пожарникарството, при што истакна благодарност за несебичниот ангажман што го даваат пожарникарите за безбедноста и сигурноста на граѓаните и додаде дека се залага за зголемување на бројот на пожарникари согласно предвидиот законски минимум, но и за подобрување на условите за работа во противпожарната станица.

pozarnikari 2019 2 pozarnikari 2019 3 pozarnikari 2019 4 pozarnikari 2019 5 pozarnikari 2019 6 pozarnikari 2019 7 pozarnikari 2019 8 pozarnikari 2019 9 pozarnikari 2019 10