ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА (повторна)
со стручно презентирање на

Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех. број 23/2021 од септември 2023, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 09.11.2023 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата – Пробиштип.

ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА (повторна) по

Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех. број 23/2021 од септември 2023, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 10 (десет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од 30.10.2023 год. до 13.11.2023 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, објавен во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со горенаведениот план може да се добијат во Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат. Се со цел навремено доставување на писмени забелешки, предлози или мислења преку анкетни листови и активно учество во повторната јавна анкета и јавна презентација, Ве покануваме да ја разгледате и направете увид во истата на web страната на Општина Пробиштип: www.probistip.gov.mk во периодот на времетраењето на јавната анекта. Доколку во овој временски рок не доставите анкетни ливчиња, ќе се смета дека немате никакви забелешки, предлози или мислења по Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип.

Покана за ЈП и ЈА -повторна p.g.

Соопштение за ЈП и ЈА -повторна p.g.

Одлука за повторна ЈА и ЈП p.g.

Анкетен лист

Синтезен приказ