ОПШТИНА ПРОБИШТИП
УП 1 бр.10-47 од 21.04.2022година

ОБЈАВА број 48 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:
1. ДУП за УБ 7 Урбан опфат 7.5, ГП 1.44 на дел од 1005/1, 1016/1, 1006/4 и 1015 вон централно подрачје на град Пробиштип , намена на објектот : Домување во станбени згради, Одлука бр.26-133/11 од 23.12.2015 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.40/2015) што се наога вон централното градско подрачје во близина на стара бензинска пумпа,
2. ДУП за УЕ бр. 30 А (измена и дополнување) за ГП бр. 164 на КП бр. 1470/164 вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објект деловен објект, Одлука бр. 09-483/1 од 08.10.1999 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр. 25/1999) што се наоѓа на ул.Димитар Влахов,
3. ДУП за УЕ бр. 30 А (измена и дополнување) за ГП бр. 170 на КП бр. 1470/164 вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објект деловен објект, Одлука бр. 09-483/1 од 08.10.1999 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр. 25/1999) што се наоѓа на ул.Димитар Влахов,
4. ДУП за УЕ бр.26 за ГП бр.29 на КП бр.1018/68 вонцентрално подрачје на град Пробиштип, намена на објект комерцијални објекти (трговија и угостителство), Одлука бр. 07-249/3 од 27.02.2003 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр. 1/2003) што се наоѓа во непосредна близина на кружен тек.
5. ДУП за УБ 12.1 ГП 121.38 на Дел од КП бр. 972/13, 986/1, 1794 и 985 во централно градско подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: комерцијални и деловни намени, Одлука бр. 07-994/3 од 29.06.2011 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр. 31/2011) што се наога вон централно градско подрачје во близина на старо јаловиште,
6. ДУП за Спортско рекреативен и туристички центар Пониква за ГП 118, намена на објект група Б5-хотели со компатибилни класи на намена , Одлука бр. 08-234 од 24.07.1996 година (Службен Гласник на Општина Злетово бр.4/1996), во локалитет Пониква.

Објава 48

Објава 48.pdf