ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 13 и 14 јуни

На 13.06.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден 14.06.2024 (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 23 и 24 мај

На 23.05.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден 24.05.2024 (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. 

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,
Ве известуваме дека манифестацијата „Дефиле на матуранти“, на која по повод завршувањето на средното образование на 60 – та генерација на матуранти во СОУ „Н.Н. Борче“, Oпштина Пробиштип ја организира дванаесет години по ред, ќе се одржи на ден 16.05.2024 година (четврток) на секундарниот градски плоштад со почеток во 20 часот.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

10-25 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 19 Трооло

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавен увид на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW, за ГП 19 на КП 68/5 за КО Трооло, општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW, за ГП 19 на КП 68/5 за КО Трооло, општина Пробиштип, изработен од страна на Друштво за градежништво, проектирање, трговија и услуги СТАН АРТ ДОО Куманово, со Тех.бр.74.01-09/23 од Декември 2023 година.

Предметниот проектен опфат за горенаведениот урбанистички проект, се наоѓа надвор од градежен опфат, во општина Пробиштип. Локација се наоѓа на простор за кој не постои планска документација, до која се доаѓа преку постоен локален пат кој воедно е пристап до локации за село Трооло кое е во непосредна близина на предметната локација.

Планско-проектниот опфат е дефиниран со граница која започнува на :

  • североисточна страна, КП 791, јавен пат
  • југоисток со граница на КП 792, јавен пат за да продолжи на
  • југозапад граничи со КП 68/1

Површината на проектниот опфат изнесува П = 40.007 м2 , или 4,0 ха, додека периметарот е со должина од Л=1116.25 м.

Група на класа на намена на проектниот опфат е: Е – Инфраструктури, класа на намена:

  • Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште).

10-25 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 19 Трооло potpisan

10-4 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 02 Трооло

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавен увид на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW, за ГП 02 на дел од КП 261/1 за КО Трооло, општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW, за ГП 02 на дел од КП 261/1 за КО Трооло, општина Пробиштип, изработен од страна на Друштво за градежништво, проектирање, трговија и услуги СТАН АРТ ДОО Куманово, со Тех.бр.56.01-09/23 од Декември 2023 година.

Предметниот проектен опфат за горенаведениот урбанистички проект, се наоѓа надвор од градежен опфат, во општина Пробиштип. Локација се наоѓа на простор за кој не постои планска документација, до која се доаѓа преку постоен локален пат кој воедно е пристап до локации за село Трооло кое е во непосредна близина на предметната локација.

Планско-проектниот опфат е дефиниран со граница која започнува на :

  • северозапад и запад со граница на остаток од истата КП 261/1, на
  • североисточна граничи со КП 245/3, КП 252, КП 242, потоа оди на
  • исток, југоисток со граница на остаток од истата КП 251, КП 252, КП 261/2, КП 788 и
  • југзапад по граница на КП 794 кое воедно е и јавен пат кој служи за пристап

 

Површината на проектниот опфат изнесува П = 129.337,0 м2 или П=12.93 ха, додека периметарот е со должина од Л=2.273,37м.

Група на класа на намена на проектниот опфат е: Е – Инфраструктури,

класа на намена:

  • Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште).

10-4 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 02 Трооло potpisan

СООПШТЕНИЕ – Ларвицидна дезинсекција против комарци и Дератизација против глодари

Ларвицидна дезинсекција против комарци и Дератизација против глодари, стаорци на  15 Април 2024 година.

Врз основа на препораките на Министерството за Здравство за заштита на населението од заразни болести и програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести на општина Пробишти за 2024 година на ден 15.04.2024 година во периодот од 10:00 до 15:00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши втора Ларвицидна дезинсекција против комарци и прва Дератизација против глодари, стаорци.

Ќе бидат опфатени површини долж течението на река Злетовица,  Маричанска река, река Киселица, двете јаловишни депонии, брана Пишица, руднички базени. Дератизацијата ќе ги опфати сите шахти во централното градско подрачје и пригратските населби со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).

Дигитализација на општинските услуги во општина Пробиштип

Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн

Програмата за развој на Oбединетите Hации (УНДП) спроведе истражување за обемот на искористеноста на е-услуги во институциите во зeмјата. Според истражувањето, 86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга на општината, наведувајќи различни причини. Најголем дел (48%) не знаеле дека услуги кои се добиваат на шалтер можат да се добијат и онлајн.

Во прашалникот, како причини за слабата искористеност на е-услугите дел од испитаниците навеле и дека поедноставно им е да појдат во општинските канцеларии (15%), како и технички предизвици при користењето (12%).

Дигиталната трансформација на општините не само што нуди подобри услуги за граѓаните, туку и помага во намалување на трошоците и ризиците за корупција.

Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда.

Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.

digitalizacija_uslugi

Со имплементацијата на платформата за е-услуги ЛОГЕС се збогатува понудата на услуги кои ги нуди општината по електронски пат, како пристап до податоци од јавен карактер, аплицирање за одобрение за градба, поставување на прашања до градоначалникот или советот и слично.

До е-услуги може да пристапите преку веб страната на општината со избор на иконата е-услуги или преку линкот https://eservices.eastregion.mk/

10-9-3 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 12 Трооло

С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид на
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволатаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW,
за ГП 12 на КП 359/2 за КО Трооло, општина Пробиштип

10-9-3 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 12 Трооло

10-3-3 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 1 Трооло

С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид на
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволатаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW,
за ГП 01 на дел од КП 261/1 за КО Трооло, општина Пробиштип

10-3-3 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 1 Трооло