Ј А В Е Н П О В И К

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.08.2023 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Образовни асистенти на ученици со попреченост во СОУ Н.Н.Борче Пробиштип” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

(more…)

ИЗВЕСТУВАЊЕ – прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Пробиштип дека најавеното авионско третирање против комарци за ден 27.07.2023 година (четврток) е одложено поради ветровитото време и истото ќе се изврши на 30.07.2023 (недела) во раните утрински часови. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.

СООПШТЕНИЕ – Прскање против комарци на 27 Јули 2023 година

На ден 27.07.2023 година (четврток) во раните утрински часови во периодот од 05:00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.

Истиот ден (27.07.2023 година, четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши четврто адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

Јавен оглас за НВО 2023

Врз основа на Програмата за Локален економски развој за 2023 година бр. 26-1072/27 од 24.11.2022 година, Подпрограма за подршка на здруженија на граѓани, Општина Пробиштип и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиските средства од Програмата за локален економски развој и заштита на животната средина на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип распишува:

Јавен Повик
за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за 2023 година за здруженија на граѓани врз основа на предлог проекти

Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален економски развој за 2023 година во Подпрограмата за подршка на здруженија на граѓани за реализација на проекти од страна на здруженијата и фондациите од буџетот на општина Пробиштип…

Јавен оглас за НВО 2023

ОБРАЗЕЦ ЗА ГРАНТ НВО

СООПШТЕНИЕ – Прскање против комарци на 13 и 14 Јули 2023 година

Во деновите 13.07.2023 и 14.07.2023 година во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши трето адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации 2023

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува

ЈАВЕН ПОВИК до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска подршка во износ од 600 денари по ангажирано лице , дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 22 дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа , Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните вневработени лица, детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.

Заинтересираните лица може да поднесат пријава најдоцна до 28.06.2023 година во општина Пробиштип, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Пробиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.

Соопштение за ЈУ за УП Бучиште 10-323-5

С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за произвотство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 116/2, 116/3 и 116/9, КО Бучиште – општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за произвотство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 116/2, 116/3 и 116/9, КО Бучиште – општина Пробиштип, изработен од страна на планерската куќа Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг “ТЕКТОН” ДООЕЛ- Скопје, со Тех.бр.390/22, од март 2023 година.
Проектниот опфат се наоѓа јужно од градот Пробиштип во КО Бучиште, општина Пробиштип и се наоѓа надвор од соседните плански опфати, а со самото тоа и нема дефинирано намена на земјиштето согласно Законот за урбанистичко планирање.
Просечна надморска висина е од 401m до 498m.
Површина на проектниот опфат е е 92 332m2 (9.23ха).

10-323-5 Соопштение за ЈУ за УП

Р-04-1-Урбанистички-проект-вон-опфат-(Е1.13)-КП-116-2,-116-3-и-116-9-КО-Бучиште--214

Објава на Соопштение за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 60/2 60/10 и дел од КП 60/9, КО Бучиште-општина Пробиштип

 

 Соопштение

за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 60/2 60/10 и дел од КП 60/9, КО Бучиште-општина Пробиштип

10-334-5 Соопштение за ЈУ за УП

04-1 Урбанистички проект вон опфат (Е1.13) КП 60-2 60-10 и дел од 60-10 КО Бучиште (3)

Објава на Соопштение за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 171 и 173, КО Бучиште-општина Пробиштип

 Соопштение

за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 171 и 173, КО Бучиште-општина Пробиштип

10-297-5 Соопштение за ЈУ за УП

Урбанистички проект вон опфат (Е1.13) КП 171 и 173 КО Бучиште

Преобјава Градежни работи- Пробиштип

Oглас за набавка на градежни работи

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Пробиштип во рамки на проектот финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка)проект за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант за развој на социјална услуга –Помош и нега во домот предвидува  градежни работи.

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Митко Георгиевски-Секретар, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната адреса probistip@redcross.org.mk.

Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 24.04.2023 до 16:00 часот на следната адреса: 

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Пробиштип

ул. „Јордан Стојанов” бр.5

2210 Пробиштип

 Линк до огласот:

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR0qPuWMW0X5dcyg6k0oKvHSkKcja1dBDuOqO7qYAMkecozbs8SfkFjR5w8#/international-donor-announcements