ВОДИЦИ 2020

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2020 година (недела) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 09 – 18.01.2020 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Напомена: Сите што ќе се капат во Пробиштип задолжително да одат на утринска литургија и сите со литијата да дојдат до местото на капење – Аква парк Македонија.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

Бадниково гранче 2020

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.

По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 03 јануари (петок), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

ИЗВЕСТУВАЊЕ на граѓаните и засегнатите страни за активностите за доградба на постојна градинка

ИЗВЕСТУВАЊЕ на граѓаните и засегнатите страни за активностите за доградба на постојна градинка и за документот „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјална листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) “ во Општина Пробиштип во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)

Известување Пробиштип

SSIP-ESMP-Checklist_Probistip_MK verzija_30.12.2019

SSIP ESMP Checklist_Probistip_23.12.19_SPA

Обуки за компостирање во Пробиштип

Откако на почетокот на декември во Пробиштип беа монтирани двете компостерски единици набавени по проектот БИООТПАД во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ е партнер, веќе е извршена и обука на претставниците од ресторани и хотели и институции кои ќе одлагаат органски отпад во една од компостерките.

Оваа обука беше реализирана во два дела. Теоретскиот дел е спроведен од проф. д-р Марија Хаџи Николова, екстерен експерт по работен пакет 4. Таа пред претставниците ги претстави основните цели на проектот, што претставува процесот на компостирање, зошто е добро да се компостира, пионерските чекори во процесот на рециклирање. Акцент беше ставен на главната цел,  а тоа е заштита на животната средина.

Понатаму со помош на летоци и презентација јасно беше назначено кој органски отпад може и смее да се става во компостерката, а кој не смее и не може. Согласно со упатството за користење беа претставени чекорите на компостирање.

Техничките лица за УГД и за Општина Пробиштип по работен пакет 3 – проф. д-р Ѓорѓи Димов и Марјан Михајлов укажаа на важноста на овој пионерски проект во менувањето на навиките, давањето пример на градот, заедницата и воопшто на државата, бидејќи овој проект може да се рашири како една добра пракса низ цела Македонија.

Во вториот дел од обуката на претставниците практично им беше покажано како работи компостерката и како тие во иднина треба да го одлагаат органскиот отпад.

obuka biootpad 1 obuka biootpad 2 obuka biootpad 4 obuka biootpad 5

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ве известуваме дека бесплатните ортопедски ехо-прегледи за доенчиња и мали деца ќе се вршат на ден 14.12 2019 г (сабота) од 09-16 часот во просториите на Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип од страна на д-р Мирјана Рунчева специјалист по ортопедија од ПЗУ „Ортомедик“ Штип.
Оваа мерка ќе продолжи и во 2020 година, предвидена е во програмата за социјална детска и здравствена заштита на општина Пробиштип. Пријавување во општина Пробиштип на тел.032-483-131.

Компостот во Пробиштип веќе е реалност

Компостерските единици на шведската фирма „БИГХАНА“ веќе се пристигнати во Пробиштип и се распоредени на две локации согласно со претходно утврдените евалуации на теренот и критериумите по проектот „БИООТПАД“.

Во текот на вчерашниот ден тимот од професори ангажирани како технички лица и раководителите на проектот од страната на УГД, како и техничките и експертските лица од страната на Општина Пробиштип, имаа обука за ракување и управување со компостерските единици.

Обуката беше спроведена од страна на Сесилија Ек од Шведска, претставник на компанијата Бигхана и Константин Тумпалов од Софија, Бугарија, од бугарското претставништво на фирмата. Понатаму техничките лица и експертите истата обука ќе ја спроведат и на локалното население кое ќе биде вклучено во проектот и ќе има свој удел во пишувањето историја во процесирањето на органско ѓубриво во Македонија.

Станува збор за исклучително квалитетни и корисни машини кои работат компостирање во еден сосема затворен процес без никакво штетно влијание врз животната средина, а придобивките од нив се органско ѓубриво кое ќе може да се користи за јавните површини на општината, од една страна, и промена на навиките на луѓето во справувањето и сепарацијата на отпадот, од друга страна.

Проектот се реализира преку програмата „Балкан Медитеран“ и ќе трае до 31 мај 2020 година.

biootpad 2019 2 biootpad 2019 3 biootpad 2019 4 biootpad 2019 5

Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис.

Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025).

Постапката за избор на бизнис идеите ќе се одвива во фази. Во првата фаза заинтересираните апликанти електронски треба да ги достават концептите за бизнис идеи, со краток опис на бизнис идејата, локацијата каде истата ќе се реализира, како и потенцијалните корисници на услугата или производот кој се предложува.

За најдобрите бизнис идеи, во втората фаза ќе се овозможи техничка поддршка (обука за подготовка на бизнис план и водење на бизнис). Селектираните апликанти заедно со експертите ќе разработат бизнис план и детален опис на бизнис идејата.

Во третата фаза на селекција ќе бидат избрани само одржливи и изводливи бизнис планови кои ќе добијат финансиска поддршка за реализација.

За да бидат подобни за финансирање, предложените бизнис идеи мора да се реализираат на територијата на Источниот плански регион.

Јавниот повик е отворен до 27.12.2019 година до 14 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги поднесат своите бизнис концепти.

Реализацијата на бизнис идеите во рамките на овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Вашите бизнис идеи можете да ги поднесете тука.

Повеќе информации за Јавниот повик можете да најдете на следниот линк.

Пробиштип фото 2019 изложба

По повод 8-ми декември, св. Климент Охридски, на 06.12.2019 година, во холот на Дом на културата „Злетовски рудар“, со почеток во 12 часот ќе биде организирана изложба на фотографии со мотиви на Пробиштип и на нашата општина, а на истата ќе бидат доделени наградите на наградените на Конкурсот за најдобра фотографија.

Сите љубители на убавата фотографија ќе имаат убава можност да го видат нашиот град и општината од еден друг агол преку објективот на фотографите.

Microsoft Word - Наградени-Фото-конкурс-2019.doc

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Објава бр.14 за продажба на недвижни ствари и избор на правно лице за откуп на отпадни метали

За продажба на недвижни ствари во сопственост на Општина Пробиштип и избор на правно лице за откуп на отпадни метали по пат на електронско јавно наддавање.

Objava 14

Електронска аукција
http://e-aukcii.probistip.gov.mk/products/aid/102/

 

Фото конкурс – ПРОБИШТИП ФОТО 2019

ОПШТИНА ПРОБИШТИП објавува:

Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2019

ТЕМА:
MOЈОТ УБАВ ПРОБИШТИП“

ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Се учествува со 2 (две) фотографии на зададената тема ( сите фотографирани во Пробиштип) и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)
  • Може да се достави и само една фотографија за учество;
  • Може да се учествува со највеќе 5 (пет) фотографии.
  • Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се испратени;
  • Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите;
  • Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата;
  • Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна;
  • Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари;
  • Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите;
  • Фотографиите на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип;
  • Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација;
  • Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа;
  • Да се во JPEG формат;
  • Да се најмалку 72 dpi;
  • 4:3 / 3:2 / 16:9 (Пропорција на стандардна фотографија).

СЕКОЈА ФОТОГРАФИЈА КОЈА НЕМА ДА БИДЕ СОГЛАСНО ПОГОРЕ НАВЕДЕНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЌЕ БИДЕ ДИСКВАЛИФИКУВАНА И НЕМА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДУВАНА ОД ЖИРИ КОМИСИЈАТА

  • Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите;
  • Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла;
  • Фотографиите треба да содржат напредни естетски елементи. Тоналитет, форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.;
  • Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла;
  • Фотографијата мора да има доволно видливи детали.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ ЗА УЧЕСТВО:

  • Фотографиите (секоја со наслов), да се достават со наведена шифра, во плик во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик се доставуваат личните податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.);
  • Секој учесник кој при отворањето на фотографиите нема затворен плик со податоци и за кој јасно може да се определи за која личност станува збор ќе биде дисквалификуван и фотографиите нема да се разгледуваат;

 

ФОТОГРАФИИТЕ ДА СЕ ИСПРАТАТ НА АДРЕСА:

Општина Пробиштип,
ул. Јаким Стојковски бр.1

или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни дејности во Општина Пробиштип, со назнака:

За награден фото Конкурс ПРОБИШТИП ФОТО 2019“,
најдоцна до 22.11.2019 година (петок) до 15.30 часот.

  • Жири комисијата најдоцна до 11.2019 година ќе ги селектира фотографиите и ќе ги објави на официјалната фан страна на Facebook за да можат сите заинтересирани да гласаат за истите;
  • (Гласањето на Facebook ќе има влијание во одлуката на жири комисијата, но освоените гласови нема да значат и конечен пласман на фотографиите);
  • Жири комисијата најдоцна до 04.12.2019 година ќе ги објави наградените фотографии преку медиумите, на официјалната WEB страна на општина Пробиштип probistip.gov.mk и на официјалната Facebook фан страна.

АВТОРСКИ ПРАВА:

Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува дека:

  • е автор на фотографиите;
  • фотографијата не е претходно изложена или објавена;
  • ги отстапува авторските права на Општината Пробиштип со неограничено право да ги објавува, разменува, печати или пренесува на трети лица.

 

На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во општинската администрација како и нивните потесни семејства

За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил info@probistip.gov.mk

 

НАГРАДИ:
Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди награди и тоа:

Фотографии на зададена тема:
I место – 4.000 денари
II место – 2.000 денари
III место – 1.000 денари

Фотографии на слободна тема:
I место – 2.000 денари
II место – 1.500 денари
III место – 1.000 денари

Наградите ќе бидат доделени на 6 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2019 година – „Свети Климент Охридски“  на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.

Општина Пробиштип
Одделение за јавни дејности

Foto konkurs 2019