Известување

Ги известуваме граѓаните на општина Пробиштип дека почнувајќи од 03.11.2020 година, општинската администрација при локалната самоуправа ќе работи во две смени, во период од 07:00 до 19:00 часот.
Воведувањето на сменско работење е согласно препораките од Владата за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, а се со цел за намалување на физичките контакти и притоа непречено исполнување на работните обврски на одделенијата и услужување на граѓаните.
Апел до сите граѓани, за одредени потреби и услуги кои можат да ги исполнат телефонски или преку електронска пошта, да го користат тој начин.

Јавен оглас бр. 1/2020

Јавен оглас бр. 1/2020
За вработување на неопределено време на овластени службеници од областа на безбедноста во Територијалната противпожарна единица Пробиштип

1. Пожарникар Спасител ниво В04 , шифра ПОЖ 02 10 В04 000 , двајца извршители
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– да е полнолетен;
– да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена установа согласно Закон,
– да има положено возачки испит од Ц-категорија;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност“

Посебни услови
– стручни квалификации-ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – гимназиско или техничко;
– работно искуство-со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж“;

Други посебни услови
– положен возачки испит Б и Ц категорија;
– сертификат за стекната квалификација пожарникар (Вработениот во ТППЕ има обврска во рок од една година од денот на вработувањето да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно ќе му престане вработувањето.)

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1 ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 19.2

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета  по
Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат  19.2,
КО Пробиштип, Општина  Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Конечен Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех.Број 06/2018 од април 2020, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Границата на конкретниот плански опфат е дефинирана со оските на следните сообраќајници:

  • На запад границата се движи по осовината на планираната собирна улица „1”;
  • На север се движи по осовината на планираната собирна улица „2”;
  • На исток се движи по осовината на каналот;
  • На југ се движи по осовината на планираната магистрална улица или постоечката

ул. „Миро Барага“, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, сѐ до почетната точка.
Локалитетот се наоѓа на северозападниот дел на Град Пробиштип. Подрачјето на предметниот локалитет е опфатен со Генералниот урбанистички план на Град Пробиштип од 1997 година и новата поделба на блокови на ГУП на Град Пробиштип од 2008 година.
Согласно новата поделба на блокови на Генералниот урбанистички план, предметниот Детален урбанистички план го опфаќа блокот 19.2.
Во рамките на планскиот опфат планирани се 70 градежни парцели .

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува П=7,03 ха.

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со стручно презентирање на

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 06/2018 од април 2020, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 17.09.2020 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата –  Пробиштип.

ЈАВНА  АНКЕТА по

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 06/2018 од април 2020, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 10 (десет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од 14.09.2020 год. до 25.09.2020 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови  да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог  од  Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбан Блок 19 Урбан опфат  19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип,  ке  биде  изложен  на   огласна  табла пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со горенаведениот план  може да се добијат во Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат.

Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП 19.2

Известување до субјекти за ЈП и ЈА за ДУП за Блок 19.2

Одлука за ЈП и ЈА за ДУП 19.2

Анкетен лист за ДУП 19.2

19_2 sintezen

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08 2020 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект„Грижа, социјализација и едукација на жителите од општина Пробиштип“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од

• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица со попреченост

-лица припадници на ромската етничка заедница
-самохрани родители
-родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
-лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-Образовни асистенти(двајца) Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица со завршено високо образование(Педагошки факултет-одделенска настава, наставни профили, Психологија, Дефектологија, Педагогија) за работа со ученици со посебни образовни потреби вклучени во инклузивно образование
-Еден неговател во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост – лица со завршено средно образование
-Двајца негователи (помошници) на стари и изнемоштени лица – со завршено основно или средно образование

Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Пробиштип во периодот од 20.08 2020 година до 26.08 2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип кај лицето Вероника Нанева, Центар за социјална работа Пробиштип кај лицето Снежана Петрушев.

ГРАДОНАЧАЛНИК
ДРАГАН АНАСТАСОВ с.р.

Јавен Повик ОКР 2020

РИДСКА ТРКА ПРОБИШТИП 2020

На ден 16.08.2020 година (недела) во Пробиштип ќе се одржат официјални ридски трки кои се дел од шампионатот на Македонија во автомобилизам.
Првата трка започнува во 12 часот, а втората во 14 часот. Официјално за трките се пријавени над 30 учесници.
Ден претходно на 15.08.2020 (сабота) ќе се одржат двата тренинга во 12 и 14 часот.
Свеченото отварање е најавено да почне во недела во 11 часот, на кое свое присуство потврди и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилизам Игор Стефановски – ИЏЕ.

Започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во  соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД)Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините во идното заштитено подрачје започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел.

                                                image.png

Со цел, засегнатата јавност да биде добро информирана и запознаена што претставува „заштитено подрачје“, кои се придобивките, вклучувајќи ги и економските аспекти и зошто Осогово заслужува и треба да се заштити, ја започнуваме оваа кампања која ќе се спроведува во следните четири недели. Кампањата ќе опфати промоција на кратки видеа и фото-тестемонијали од Осоговскиот регион, постови на социјалните мрежи со важни информации за идното заштитено подрачје, за природните вредности, биодиверзитетот и специфичните интеракции на природата и човекот, за туризамот, планинарството, специфичната култура и традиција, како и за придобивките од заштитата на подрачјето.

МЖСПП, МЕД и ЈП „Национални Шуми“ ги повикуваат општините во регионот, невладините организации, медиумите, локалните бизнисии и сите вљубеници во природата да ја поддржат оваа кампањата преку споделување на содржините на своите веб страници и на социјалните медиуми и со тоа да придонесат за помасовно споделување на информациите за идното заштитено подрачје и успешното завршување на процесот.

Во следниот период МЖСПП во соработка со општините ќе организира и четири јавни расправи во Осоговскиот регион за запознавање на засегнатите страни со Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планина и за заштитено подрачје во категорија – заштитен предел. Истата е изработена врз основа на Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини  заштитен предел и Анексот на Студија .

Јавните расправи се дел од активностите за вклучување на јавноста во процесот на изработка на конечниот Акт кој ќе биде доставен до Владата на Република Северна Македонија на усвојување. Термините за одржување на јавните расправи се достапни на веб страницата на МЖСПП. Идното заштитено подрачје Осоговски Планини опфаќа делови од општините: Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Чешиново Облешево, Кочани, и Македонска Каменица.

Оваа кампања е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Слоган на Кампањата: Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!

Хаштаг на кампањата е: #ДаГоЗачувамеОсогово #ОсоговоИЛичноИРазлично     #брегалничкислив #CHinMK

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел.

За подоследно вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа :

  • Во Кочани, на 18.08.2020г., во 18 часот, локација:Споменик на слободата;
  • Во Македонска Каменица, 20.08.2020г., во 18 часот, локација:Парк пред Домот на Културата;
  • Во Пробиштип, 25.08.2020г. , во 18 часот, локација: секундарен плоштад на амфитеатарот;
  • Во Крива Паланка, 26.08.2020г., во 18 часот, локација: Зелениот парк во рамките на дворното место на Средното Општинско Училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка.

Предлог актот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии заинтересираната јавност може да достави на: infoeko@moepp.gov.mk.

Јавните расправи ќе одржат на отворено и ќе се почитуваат протоколите за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus).

 

Заради запазување на мерките за заштите потребно е да го потврдите Вашето учество и да наведете на која јавна расправа/и ќе присуствувате, на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на:

+389 76 233 020.

Соопштение – прскање против комарци

Почитувани граѓани согласно Програмата на општина Пробиштип за спроведување на општите мерки за заштита на здрвјето на населението од заразни болести во 2020 година за Среда 22 јули ќе се спроведе трет адултициден третман против комарци од земја (теристичко прскање) на 565 ха од територијата на општината.

Временската прогноза за сега дозволува акцијата да биде во временски период од 21 до 03 часот со замаглување од земја со АКВАКОТРИН средство одобрено Бирото за лекови. За изврштел на услугата е друштвото за ДДД Лиса ком Кавадарци. Во четврток 23 јули ќе се спроведе втор адултициден третман против комарци од воздух (авионско прскање) на 1000 ха од територијата на општината.

Временската прогноза за сега дозволува акцијата да биде во раните утрински часови во временски период од 05 до 08 часот со замаглување од воздух со куфлак 50 средство одобрено од Бирото за лекови.

Во случај на промена на веменските услови кои можат да ги одложат акциите,а кои треба да се исполнети за спроведување на истите, ке се спроведат наредниот поволен ден за што дополнитено ке ве информираме. За изврштел на услугата за авионското прскање е друштвото за авиоуслуги Бониер Куманово. Ги известуваме пчеларите и пчеларските здруженија да превземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства за да не дојде до несакани последици.

Ви благодариме за превземените превентивни мерки и разбирањето.

Соопштение – прскање против комарци

На ден 27.06.2020 година (сабота) во раните утрински часови во периодот од 05 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Известување за ждребување за места за лепење на изборни плакати во Општина Пробиштип

Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи чии листи на кандидати за Пратеници во Собранието на РСМ се прифатени од страна на ДИК за Парламентарните избори што треба да се одржат на 15.07.2020 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип, ќе се одржи на 26.06.2020 година (петок) во 12:30 часот во салата на Општината Пробиштип.
Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 26.06.2020 година (петок) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП