На 23 август на летната сцена во Пробиштип гостуваше еден од најдобрите комичари на Балканот, Драган Маринковиќ – Маца. Со својот настап не само што ја насмеа публиката туку и покажа зошто е таму кај што е , меѓу најдобрите комичари на Балканот. Осумдесет минути ги држеше  посетителите, кои не престанаа да се смеат и да се воодушевуваат на неговата глума. Едноставно покажа зошто е најдобар. Ова беше трета по ред Stend up комедија иако оваа последната е со примеси на кабаре и на монодрама сепак и по трет пат се покажа дека е полн погодок. Актерот си замина задоволен, а задоволството не го криеше ниту Општина Пробиштип, се поздравија со ветување дека наскоро во ваква форма или како драма ќе го видиме повторно Маца на сцената во Пробиштип.

238140218_638497810446119_7696205552070081199_n 238206878_1245922349203328_8983719521788083342_n 238371404_174584411411784_7499194482327201823_n 239137604_1967152723458138_5001278257376822975_n 239621228_879751859301342_8615621885953611325_n