Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2023 година.

Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги  и сите поединци – спортисти кои се натпреваруваат во разни категории, а се од општина Пробиштип,  да достават Програма за 2023 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 0730 – 1530 часот, а најдоцна до 31.10.2022 година (понеделник). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ