Соопштение – Водици 2026

По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип.

Во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата литургија во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 06:00 часот.

Во Пробиштип, манифестацијата ќе се одржи во 11:00 часот на Аква паркот, каде ќе се осветат водите во градскиот базен и ќе се одржи традиционалното капење по светиот крст. Светата литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 08:00 часот.

По завршувањето на литургиите, од двете цркви ќе се тргне со свечена литија кон местата на одржување на настаните, каде ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст.

Ги известуваме сите младоженци кои во текот на изминатата година стапиле во брак, како и сите граѓани кои имаат желба да учествуваат во капењето по светиот крст, дека е задолжително да извршат пријава во црквите во Пробиштип и Злетово.

Пријавувањето ќе се врши од 16 до 18 јануари 2026 година, секој работен ден, во период од 09:00 до 16:00 часот. Лицата кои нема да бидат пријавени нема да можат да учествуваат во капењето по светиот крст.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Соопштение за субвенционирање на сметки за комунални услуги за лица со оштетен вид

Општина Пробиштип согласно Одлуката за субвенционирање на сметки за комунални услуги према ЈКП Никола Карев Пробиштип за лицата со оштетен вид и Програмата за социјална заштита за 2026 година со број 26-1101/22 од 09.12 2025 година обезбедува финансиски средства за субвенционирање на сметки за комунални услуги во износ од 500 ден. за корисници на додаток за слепило од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.
Се повикуваат лицата со оштетен вид , корисници на додаток за слепило од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип и нивните семејства кои сакаат да ја користат мерката да поднесат барање во тековната година. Барањето може да го поднесе корисникот на мерката или член на неговото потесно семејство во негово име во Одделението за јавни дејности при општина Пробиштип.
Субвенцијата на сметките за комунални услуги према ЈКП Никола Карев Пробиштип ќе се остварува од месецот на поднесување на барање до општина Пробиштип.

ПРИЛОЗИ КОН БАРАЊЕТО
1. Фотокопија од лична карта на подносителот на барањето
2. Фотокопија од лична карта на корисникот на мерката
3. Фотокопија од Решение за користење на надоместок за попреченост-слепило издадено од ЈУ Центар за социјална работа“ Пробиштип
4. Фотокопија од последна сметка за комунални услуги
5. Изјава за согласност за обработка на лични податоци

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Барање за субвенционирање на сметки за комунални услуги за лица со оштетен вид

Барање за субвенционирање на сметки за комунални услуги за лица со оштетен вид

ДНЕВЕН РЕД на 5-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип

 

ДНЕВЕН РЕД

на 5-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип

(29.12.2025 година, 12:00)

  1. Програма за работа на Територијалната Противпожарна Единица Пробиштип за 2026 година и годишен план за настава;
  2. Финансиски план на ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип за 2026 година;
  3. Изманување на Годишен план за вработување на ООУ Браќа Миладиновци за 2026 година;
  4. Финансиски план на ООУ „Никола Карев“ Пробиштип за 2026 година;
  5. Финансиски план на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип за 2026 година;
  6. Финансиски план на ЈОУ ДГ „Гоце Делчев“ Пробиштип за 2026 година;
  7. Програма за работа на ОУ Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип за 2026 година;
  8. Финансиски план на ОУ Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип за 2026 година;
  9. Одлука за Меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кратово и Општина Пробиштип;
  10. Одлука за Меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Свети Николе и Општина Пробиштип;
  11. Буџет на Општина Пробиштип за 2026 година;
  12. Одлука за извршување на буџет на Општина Пробиштип за 2026 година;
  13. Програма за работа на Совет на Општина Пробиштип за 2026 година.
  14. Иницијатива за изработка на урбанистички проект за парцела во село Пишица со самофинансирање
  15. Иницијатива за изработка на урбанистички проект за парцела во село Пишица со донација
  16. Разрешување на членови во надзорен одбор на ЈКП Никола Карев
  17. Барање од Светлана Стојанова

ЈАВЕН ПОВИК за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип

Се повикуваат сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации, да се пријават на Јавниот повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип во временски период од три години.

Младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развој на личниот, социјалниот и професионален живот на младите, се споделуваат информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Јавен повик МЦ

Портфолио на младински работници

Јавен повик

Образец Буџет

ДНЕВЕН РЕД на 4-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип

ДНЕВЕН   РЕД

на 4-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип

                (15.12.2025 година, 16:00 )

 

  1. Информација за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Пробиштипза периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година;
  2. Финансиски извештај на ЈКП Никола Карев за период од 01.01 до 30.06.2025
  3. Финансиски извештај за реализација на буџетот на Општина Пробиштип за период од 01.01 до 30.09.2025 година
  4. Разрешување и именување на членови во Училишниот одбор на СОУ„Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип;
  5. Разрешување и именување на членови во Управниот Одбор на ЈОУГД,,Гоце Делчев,, од Пробиштип;
  6. Разрешување и именување на членови од Одбор за надзор во ЈОУГД,,Гоце Делчев,, од Пробиштип;
  7. Разрешување и именување на членови во Управниот Одбор на ОУ Дом на култура „Злетовски Рудар“ од Пробиштип ;
  8. Разрешување и именување на членови во Надзорниот Одбор на ОУ Дом на култура „Злетовски Рудар“ од Пробиштип;
  9. Разрешување и именување на ВД членови во Надзорниот одбор на Јавното комунално Претпријатие ,,Никола Карев,, Пробиштип;
  10. Разрешување и именување на ВД член во УО на Јавното комунално Претпријатие ,,Никола Карев,, Пробиштип;
  11. Разрешување и именување на член во Училишен одбор на ООУ Браќа Миладиновци Пробиштип
  12. Разрешување и именување на член во Училишен одбор на ООУ Никола Карев Пробиштип
  13. Одлука за објавување на јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип
  14. Решение за именување на членови од Советот во Комисија за евалуација на поднесени пријави по јавен оглас за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со младинскиот центар во Пробиштип
  15. Разрешување и именување на член во Комисијата за финансии, буџет и ЛЕР
  16. Молби и барања

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип. (more…)

Соопштение за реновирање на објектот на Центарот за социјални работи – Пробиштип

Во согласност со принципите на транспарентност ве информираме дека Министерство за социјална политика, демографија и млади, ќе финансира реновирање на Центарот за социјална работа во општина Пробиштип и за таа цел Општина Пробиштип објавува нацрт-документ за увид на јавноста во следните 14 дена: Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални прашања. Документот опишува какво влијание ќе имаат активностите врз животните и социјалните аспекти за време на градежните активности.
Заинтересираните граѓани може да достават коментари користејќи го приложениот образец или со праќање на порака на следните мејлови:

– blagojcovski@probistip.gov.mk (Општина Пробиштип)

– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот)

ППСУ2_Образец за поплаки зa Контролна листа_Пробиштип

ППСУ2_Контролна листа за ЖС Пробиштип

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на проекти и програми од граѓански организации и правни субјекти

 

Општина Пробиштип воспоставува механизам за учество на граѓаните во процесот на предлагање на нови иницијативи во подготовка на стратешките планови и фискалната стратегија со цел да развие партиципативното учество и одговорно работење во служба на граѓаните.

Општина Пробиштип  распишува Јавен повик за жителите од општина Пробиштип, граѓанските организации и правните субјекти да земат активно учество во креирање на Буџетот на општината за 2026 година.

Процесот на заедничко одлучување овозможува транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните, со цел да се развие чувството на одговорност за трошење на општинските средства.

Општината самостојно во рамките на Законот и Статутот на општина Пробиштип надлежна е за следните работи:

  • Урбанистичко планирање
  • Заштита на животна средина и природа
  • Локален економски развој
  • Поддршка на граѓански организации
  • Комунални дејности
  • Култура
  • Спорт
  • Социјална, детска и здравствена заштита
  • Еднакви можности на мажите и жените
  • Детско престапништво
  • Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од непогоди и несреќи
  • Противпожарна заштита
  • Други работи определени со закон

Пополнетиот образец со проекти, предлози и идеи со финансиска импликација, согласно горенаведените надлежности на општината може да ги доставите  до  Архивата на општина Пробиштип или преку пошта на адреса Јаким Стојковски бр.1 , 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или на емаил info@probistip.gov.mk најдоцна до 20.11.2025 година.

По предвидениот рок, градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски и и надлежната комисија ќе ги анализираат предложените проекти и согласно финансиските можности ќе ги интегрираат во Буџетот на општина Пробиштип за 2026 година, односно во соодветните програми за работа на општината.

ПРИЛОГ ОБРАЗЕЦ

Образец за поднесување на проекти