Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека во период од 10.04.2023 година до 20.05.2023 година ќе се изведуваат градежни работи (замена на светилки) на локацијата град Пробиштип со приградски населби за реализација на проектот за Реконструкција и модернизација на уличното осветлување на општина Пробиштип.
Работите ги изведува фирмата Елмод Електро ДОО експорт-импорт Скопје, а инвеститор е општина Пробиштип.
Овој проект се реализира со подзаем и грант средства од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Единица за спроведување на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПЕЕЈС) на Министерство за финансии на Република Северна Македонија со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.
Притоа Ве известуваме дека учесниците во сообраќајот во градот Пробиштип треба да бидат внимателни и да ги почитуваат поставените знаци за предупредување и известување. Особено пешаците треба да бидат крајно внимателни и да го заобиколуваат означениот простор на изведување на монтажерските работи.
Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на работите.
За дополнителни информации/прашања, Ве молиме да се обратите кај Јорданов Александар тел. 072/253-137 од општина Пробиштип.