Врз основа на член 50 ,став 1,точка 6 од Закон за локална самоуправа (,,Сл. Весник на РМ„ бр.5/02), член 22 од Законот за Младинско учевство и младински политики („ Сл.весник на РСМ бр.10/2020), член 1 од Одлуката за објавување на Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип („Службен Гласник на општина Пробиштип бр.11/2022) и член 4 и 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар на Пробиштип („ Службен Гласник на општина Пробиштип бр.10/2022) , општина Пробиштип објавува

ЈАВЕН ПОВИК
За избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип

Се повикуваат сите младински организации и организции за млади кои се регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации да се пријават на Јавниот повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип во временски период од три години.

Младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развој на личниот, социјалниот и професионален живот на младите, се споделуваат информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Право на учество на Јавен повик имаат:

младински организации и/или

-организации за млади со седиште или подружница во општина Пробиштип кои се регистрирани во Регистарот на младински организации и организации за млади , согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за младинско учество и младински политики;

-оргнизации за млади со седиште или подружница во Пробиштип кои се регистрирани во Регистарот на младински организации и организации за млади и чадор организации при Агенција за млади и спорт;

-постојат повеќе од 1( една ) година и работат во полето на младинската работа;

Потребна документација за пријавување на Јавниот повик:

  • Пријава;
  • Годишната програма за работа на Младинскиот центар, која ги исполнува Стандардите за квалитет на Младинските центри, преку која ќе се спроведува систематска подршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата преку:
    • Неформално образование:обучување и подучување на млади;
    • Инфомрирање, ментроството, подучување и советување;
    • Информално искусвтено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности за и од млади.
  • Годишен буџет за спроведување на предложената програма;
  • Потофолио на организацијата или организациите кои се пријавуваат на Јавниот повик, во кое јасно ќе се гледа нејзиниот/нивниот придонес и работа во сферата на младинската работа;
  • Биографии на сите лица кои ќе бидат ангажирани во спроведувањето на годишнатата програма-квалификувани младински работници врз основа на Националното портофолио за младински работници;
  • Тековна состојба од Централниот регистар на РСМ не постара од шест месеци од организацијата или организацииите;

 

Јавниот повик трае 30(триесет) дена сметано од денот на објавувањето.

Јавниот повик се објавува на веб страната на општина Пробиштип.

Пријавите со целокупната документација (погоре наведени) се поднесуваат по поштенски пат или лично, до Комисијата за разгледување и евалуација на пријави, во архива на општина Пробиштип, на Ул„ Јаким Стојковски “ бр.1 2210 Пробиштип, секој работен ден  од 07:30 до  15:30 часот.

Службеникот во архива на општина Пробиштип , должен е да издаде потврда за примена пријава и да евидентира точно време на поднесување ( датум, час и минута) заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат пријавите.

На пликот треба да е наведена назнаката „ За Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип„

Во прилог на Јавниот повик се објавени, формларите за поднесување апликација:

  • Пријава
  • Образец за буџет
  • Портфолио за младински работник

изработени врз основа на Стандардите за квалитет на Младински центри од Правилникот на Агенција за млади и спорт, како и посебно донесениот Правилник за условите, начинот и постапката за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип (приложени кон јавниот повик).

За работата на Младинскиот центар е обезбеден простор, кој ќе биде доделен на управување на организација или група организации што ќе раководат со центарот.

Висината на финансиски средства од Беџетот на општина Пробиштип за 2022 година е во процентуална вредност од 50% до 70% од потребните средства за реализација на поднесената програма за работа на Младинскиот центар  Пробиштип , но не повеќе од 160 000 денари.

Младинскиот центар  треба да биде од отворен тип и да им биде достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку 5 дена.

За спроведување на постапката, Градоначалникот  ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, составена од претседател и 4 (четири) членови.

Комисијата е составена од 2 (два) члена преставници на општинската администрација и 3 (три) члена преставници на Советот на општина Пробиштип.

Комисијата врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите, во рок од 3 (три) дена по завршувањето на рокот на Јавниот повик, до Градоначалникот ќе достави мислење со предлог за избор на младинската организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип.

Врз основа на достваеното мислење од Комисијата за разгледување и евалуација на пријави, Градоначалникот во рок од најмногу 30 (триесет) дена донесува Решение за избор на младинска организација или организации за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип.

Во рок од 3 (три) дена од донесеното Решение за избор, Градоначалникот склучува Договор за управување со Младинскиот центар во периодот од 3 (три) години, со избраната младинска организација или организации.

Во случај на заедничка пријава од повеќе организации, Договорот ќе биде потпишан со една од организациите (предложена во апликацијата) во име на неформалната група организации.

Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.

Јавен повик

Пријава

ObrazecBudjet

Портфолио на младински работници