На 3 септември ѕвончето во сите училишта се огласи повикувајќи ги сите 1397 ученика, кои годинава се запишани во општинските училишта во Пробиштип, за првиот училишен час.

Годинава во двете основни училишта се запишани 1106 ученика од кои во Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ се запишани 680 ученика или во централното 416, во ПУ во Злетово 191, во ПУ во приградската населба Пробиштип 63, во ПУ во с. Ратавица 8 и во ПУ во Добрево 2 ученика. Во Општинското основно училиште „Никола Карев“ се запишани вкупно 426 ученика, од кои 418 се запишани во централното училиште и 8 ученика во подрачното училиште во с. Стрмош. Годинава за прв пат во училишните клупи седнаа вкупно 117 првачиња или 66 во ООУ „Браќа Миладиновци“ од кои пак 41 во централното училиште, 15 во Злетово, 8 во ПУ во приградска населба Пробиштип и по едно во с. Ратавица и с. Добрево. Во ООУ „Никола Карев“ запишани се 51 прваче од кои 49 во централното училиште, а 2 во ПУ во с. Стрмош.


Радува податокот што годинава имаме благ пораст на запишани дечиња во прво одделение во однос на минатата година или за четири дечиња повеќе. Во средното општинско училиште „Н.Н. Борче“ запишани се вкупно 291 ученика, а во прва година се запишани 82 ученика, од кои 55 во гимназиските, а 27 во стручните паралелки. Поразително е тоа што со години на назад трендот на намалување на бројот на ученици продолжува. Годинава за 42 ученика помалку во однос на минатата година.

Градоначалникот на општина Пробиштип, г. Анастасов ги посети првачињата и им посака среќна и успешна учебна година. Тој во придружба на општинската администрација ги посетија првачињата во ПУ „Кирил и Методиј“ во Злетово и во ООУ „Никола Карев“, а претседателот на Совет на општина Пробиштип, господинот Благоевски ги посети првачињата во ООУ „Браќа Миладиновци“ и во ПУ во приградска населба Пробиштип при што на сите 117 првачиња од страна на Општина Пробиштип им беа доделени подароци, дидактички материјали за успешен старт на нивното школување. Среќна и успешна нова учебна година и на учениците и на наставниците.

????????????????????????????????????

novaucebna3

novaucebna4

novaucebna5

novaucebna6

novaucebna7