Денес, 28.11.2017 (вторник), во просториите на Техничкиот секретаријат во Ќустендил (JTS), Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, заедно со Градоначалникот на општина Рила, Георги Кабзималски, имаше работен состанок со претставници на Секретаријатот во врска со проектот „Заедничка инвестиција во енергетската ефикасност„. На состанокот се разговараше за тековната состојба во која се наоѓа проектот и следните чекори за негова успешна и непречена реализација. Претставниците од општина Рила изразија задоволство за иницираниот состанок и догворија понатамошна соработка. Членовите на секретаријатот, со свои предлози дадоа насоки за понатамошните работи коишто треба да се преземат во наредниот период.

Присуството во Ќустендил, Градоначалникот на општина Пробиштип го искористи за средба со Генералниот секретар на Трговско – индустриската комора на Ќустендил, Јордан Беловодски и разговараше за тековниот проект од областа на екологијата за едукација и воспитување на деца, кој се реализира во соработка со општина Старо Нагоричане и Трговско – индустриската комора на град Ќустендил, со кои е предвидена дводневан обука на десет наставници од Пробиштип на деца од 6 до 14 години.

kyustendil 2 resize