На 23.03.2017 година се одржа состанок со граѓанските здруженија од општина Пробиштип, на кој присуствуваа претставници од следните граѓански здруженија:

  • Здружение на граѓани „Подобра Иднина„
  • Здружение на техничка култура на Пробиштип „Народна техника„
  • Здружение на хендикепирани лица „Милосрдно срце„
  • Црвен Крст Пробиштип
  • СПД Врв Плавица
  • Здружение на граѓани „Туристичка иднина„
  • Здружение на граѓани „Леговец Ленд„
  • Здружение на ракотворци „Хендмејд Арт„

На состанокот беа претставени активностите и работата на здруженијата, како и потребите и проблемите со кои се соочуваат. Се водеше дискусија за потребата од вмрежување на граѓанските здруженија, заеднички активности, интензивирање на соработката со општината, како и подршка во техничка опрема и простории за граѓанскиот сектор.