Одбележувањето на празникот започна со полагање на свежо цвеќе на спомен плочата на паднатите борци во Злетово, каде свое обраќање имаа Ѓорѓи Панов, претседател на членови – продолжувачи на Сојузот на борците од Злетово и околината и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов. Одбележувањето продолжи со финалето на турнирот во мал фудбал „Васил Миленов“, на кој годинава победи екипата на „Сити кафе“ од Пробиштип, поразувајќи ја второпласираната екипа, Етно гостилница Воденица 3, селект кафе од Крива Паланка. Одбележувањето на празникот заврши со концертот на фолк пејачката Елена Јовчевска, која остави голем и убав впечаток кај големиот број на посетители. Секако за време на одбележувањето внимававме да ги запазиме сите мерки на претпазливост наметнати заради корона ситуацијата.