Денес, 22.01.2018 (понеделник), градоначалникот Драган Анастасов, го посети првороденото дете во 2018 година во општина Пробиштип.

Малата Тара Јовановска е родена на 10.01.2018 година и е прво дете на Ѓорѓи и Катерина Јовановски.

Градоначалникот ѝм честита на новите родители, а на Тара ѝ подари ваучер од 5.000 денари.

За прв пат оваа година општина Пробиштип обезбеди по 5.000 денари за секое новородено дете предвидени по Програмата за социјална, здравствена заштита и заштита на деца. Родителите на новороденчињата за оваа мерка ќе треба  да поднесат извод од родени, трансакциска сметка, копија од лична карта и да пополнат барање изготвено од страна на општина Пробиштип.

prvorodeno 20182