На ден 18.07.2018 г., Mинистерот за здравство во Владата на Република Македонија, Венко Филипче беше во официјална посета на општина Пробиштип.

Со градоначалникот Драган Анастасов, го посетија Здравствениот дом „Нада Михајлова“, каде што разговараа за затекнатата состојба и проблемите со кои се соочува истиот, во однос на недостаток на опрема и кадар, како и за начинот и можностите за нивно надминување.

Градоначалникот на општина Пробиштип во разговорите акцент даде на можностите и потребите за преадаптација на еден дел од Здравствениот дом во Дом за стари лица, а Министерот за здравство истакна дека веќе е постигнат првичен договор, заедно со Министерството за труд и социјална политика за реализација на овој проект кој е од големо значење не само за Пробиштип, туку и за целиот регион.

filipce2 filipce3 filipce4