Денес, 19.04.2018, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, беше во официјална посета на општина Пробиштип, на којашто заедно со градоначалникот Драган Анастасов ја разгледаа фактичката спортска инфраструктура во општината и ги усогласија потребите на општината со планот на Агенцијата, разговараа за идни вложувања се со цел за подобрување на истата и вложување во спортот.
На средбата беа во Злетово каде што направија увид на моменталната состојба на базенот и можноста за негова реконструкција и ставање во функција на истиот, но и изградба за игралиште во негова близина.
Во основното училиште Никола Карев ја разгледаа моменталната состојба на базенот и спортската сала и разговараа за нивното одржување и подобрување на условите за целосно да се искоритат овие капацитети.
Посетата заврши во населба Калниште кај игралиштето, за коешто општина Пробиштип има изготвено план, а од каде што директорот Каевски, за локалните медиуми изјави, дека Агенцијата за млади во 2019 година ќе даде поддршка за изградба на спортски комплекс на оваа локација.