Во пресрет на Коледе и Божиќ, годинава на 6 Јануари во 11:30 часот, стотина коледари ќе го посетат градоначалникот Драган Анастасов, коишто со Бадникова поворка ќе дојдат од црквата Успение на Пресвета Богородица до градскиот плоштад.
Градоначалникот ќе ги пречека коледарчињата на градскиот плоштад пред големата елка, каде што ќе им дари коледарски пакетчиња, а тие ќе ја испеат божиќната песна „Вечниот Бог“.
Ваков настан ќе се случува во голем број на градови во Македонија, и тоа во Скопје, Битола, Могила, Охрид, Струга, Крушево, Ресен, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Св. Николе, Пробиштип, Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Богданци, Валандово, Кавадарци, Демир Капија и Кривогаштани, а досега учество имаат пријавено 7320 дечиња.