Општина Пробиштип објавува јавен повик за пријавување на семејства кај кои ќе престојуваат волонтери од Мировен корпус.
Престојот на волонтерите во семејствата ќе биде од 6 месеци до 2 години.
Условите кои треба да ги исполнуваат семејствата кои се заинтересирани за учество на јавниот повик се:
- Соба со кревет со душек, работна маса, стол и гардеробер, којашто ќе биде користена само од страна на волонтерот;
- Обезбедено греење во собата;
- Прозорци што се затвораат добро;
- Врата што може да се заклучи;
- Пристап до тоалет и до бања;
- Бојлер во бањата;
- Пристап до кујна и до елементите за готвење;
- Сместувањето да биде лоцирано најмногу на 30 минути пешачење од работа;
- Сместувањето е во безбеден дел од заедницата и во почитувано семејство од доверба;
Не е дозволено волонтерот да живее со семејството на соработникот или на- одговорното лице во организацијата.
Семејствата кои ќе бидат изберени ќе добиваат по 8,000 денари месечно како надомест за трошоците за греење, за електрична енегрија и за другите зголемени трошоци на семејството.
Ако семејствата во куќата има посебен кат за волонтерот, со пристап до кујна и до бања, тогаш надоместот ќе биде 9,500 денари.
Волонтерите дополнително ги покриваат своите трошоците за интернет и за храна.
Јавниот повик трае до 30.07.2018 година.