Општина Пробиштип објавува јавен повик за пријавување на семејства кај кои ќе престојуваат волонтери од Мировен корпус.

Престојот на волонтерите во семејствата ќе биде од 6 месеци до 2 години.

Условите кои треба да ги исполнуваат семејствата кои се заинтересирани за учество на јавниот повик се:

  • Соба со кревет со душек, работна маса, стол и гардеробер, којашто ќе биде користена само од страна на волонтерот;
  • Обезбедено греење во собата;
  • Прозорци што се затвораат добро;
  • Врата што може да се заклучи;
  • Пристап до тоалет и до бања;
  • Бојлер во бањата;
  • Пристап до кујна и до елементите за готвење;
  • Сместувањето да биде лоцирано најмногу на 30 минути пешачење од работа;
  • Сместувањето е во безбеден дел од заедницата и во почитувано семејство од доверба;

Не е дозволено волонтерот да живее со семејството на соработникот или на- одговорното лице во организацијата.

Семејствата кои ќе бидат изберени ќе добиваат по 8,000 денари месечно како надомест за трошоците за греење, за електрична енегрија и за другите зголемени трошоци на семејството.

Ако семејствата во куќата има посебен кат за волонтерот, со пристап до кујна и до бања, тогаш надоместот ќе биде 9,500 денари.

Волонтерите дополнително ги покриваат своите трошоците за интернет и за храна.

Јавниот повик трае до 30.07.2018 година.