Се известуваат жителите на општина Пробиштип, корисници на додаток за слепило од ЈУ„Центар за социјална работа” Пробиштип за остварување на правото за субвенционирање на сметки за комунални услуги во износ од 500 ден према ЈКП „Никола Карев” Пробиштип дека можат да поднесат барање за остварување на правото.
Подносител на барањето може да биде лице со важечка лична карта на увид за докажување на идентитетот и со потпишана согласност и изјава од корисникот на додаток за слепило.
Барањето може да се подигне од шалтерите на општина Пробиштип и во прилог со копија од Решението за користење на надоместок за попреченост -слепило издадено од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип се поднесува во шалтерите или архивата на општина Пробиштип најдоцна до 26.01 2024 година

БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИЈА