Поради измени во законот за даноци на имот Сл. Весник на РС Македонија бр.151 од 2021 година, ги известуваме граѓаните на Општина Пробиштип дека до крајот на месец Јануари 2022 година треба да пријават незадолжени објекти со данок на имот во Канцеларијата за даноци бр.39 во Општинската зграда и тоа:
- Станбени објекти, станбени објекти кои не се користат од сопственикот и не се издаваат под закуп подолго од шест месеци.
- Деловни објекти, деловни објекти кои не се користат и не се издаваат под заку подолго од шест месеци.
- Земјоделско земјиште, земјоделско земјиште кое не се обработува и не се издава под закуп подолго од шест месеци.
Физичките и правни лица кои нема да се пријават ќе бидат задолжени со стапка на данок на имот пет пати повисока од пропишаната.