На 23 август на летната сцена во Пробиштип гостуваше еден од најдобрите комичари на Балканот, Драган Маринковиќ – Маца. Со својот настап не само што ја насмеа публиката туку и покажа зошто е таму кај што е , меѓу најдобрите комичари на Балканот. Осумдесет минути ги држеше посетителите, кои не престанаа да се смеат и да се воодушевуваат на неговата глума. Едноставно покажа зошто е најдобар. Ова беше трета по ред Stend up комедија иако оваа последната е со примеси на кабаре и на монодрама сепак и по трет пат се покажа дека е полн погодок. Актерот си замина задоволен, а задоволството не го криеше ниту Општина Пробиштип, се поздравија со ветување дека наскоро во ваква форма или како драма ќе го видиме повторно Маца на сцената во Пробиштип.