Локалната самоуправа на општина Пробиштип во соработка со волонтерите на Мировен корпус во Пробиштип  и оваа година ќе организираат бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни лица.

Курсевите е предвидено да се одржуваат два пати неделно, во попладневен термин, додека локацијата и точното време ќе бидат одредени дополнително во соработка со пријавените лица. Терминот предвиден за почеток на предавањата е 15 март 2018 година.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој проект да почнат со пријавување. Пријавувањето може да го направат на e-mail: info@probistip.gov.mk или на тел. 032/483-131, со тоа што задолжително ќе остават свој телефонски број и лични податоци.

Рокот на пријавување е до 9 март до 15.30 часот.