Согласно предвидените активности во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита, oпштина Пробиштип ангажира мобилен логопед во детската градинка и училиштата во општината.
Ангажираното лице ќе врши логопедско тестирање кај деца над четири годишна возраст со цел да се утврдат говорните проблеми кај децата и реалната потреба за логопедски третман. Прво ќе се врши тестирањето во градинката опфаќајки ги сите три клона и по извршената обсервација ќе се работи индивидуално со секое дете.
Успешноста во третманот, освен од стручната подготовка и креативноста на логопедот зависи и од објективните услови за работа, а тоа е организација на просторот и расположливата опрема. Стандардите бараат строго индивидуализирана работа и во сите три клона адаптирани се простории за индивидуален логопедски третман со децата.
Во иднина за подобри резултати општина Пробиштип ќе обезбеди средства просториите да се адаптират во логопедски кабинети со опрема за професионален третман.