Одбележана неделата за грижа на стари лица

„Неделата за грижа на стари лица“ се одбележа во организација на ОО „Црвен крст“ – Пробиштип, Oпштина Пробиштип и Здружението на пензионери  во соработка со Дом на култура „Злетовски Рудар“, Здравен дом „Нада Михајлова“ и ЈОУДГ„Гоце Делчев“ – Пробиштип.

Имаше едукативни предавања од областа на здравството, беа посетени станарите во Пензионерскиот дом, се доделија пакети со прехранбени продукти на пензионерите од социјално ранливите категории, се одржаа спортски натпревари помеѓу пензионерите и волонтерите на „Црвениот крст“ – Пробиштип, а членовите на литературниот клуб „Процвет„ при Домот на културата, читаа литературни творби на тема „Моите баба и дедо“.

Медицинската екипа од Здравен дом „Нада Михајлова“ составена од доктор и медицинска сестра посетија стари изнемоштени лица во селата Плешенци, Долни и Горни Стубол при што извршија здравствен преглед, и тоа мерење на крвен пристисок и шеќер во крвта.

Општина Пробиштип и понатаму ќе продолжи со реализација на активности со слична содржина, со што покажува дека посветува големо внимание и грижа на лицата од третата животна доба.

griza za stari lica 2

griza za stari lica 3

Работна посета во Република Словенија

Денес, 23.11.2017, Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, во Љубљана, Р. Словенија имаше работна средба со заменик Директорката на Центарот за Меѓународна соработка и развој од Словенија, Мојца Копше.

На состанокот разговараа за проектот “Ревитализација и автоматизација на постоечките објекти за снабдување со вода за пиење во општина Пробиштип”, како и за идни проекти за кои што општина Пробиштип планира да ги реализира во соработка со Центарот.

Прес конференција (22.11.2017)

Почитувани сограѓани,
Согласно начелата на:
• одговорност
• отчетност и
• транспарентност
и по извршената анализа на состојбите во општина Пробиштип, јас, како Градоначалник, сакам да ги информирам граѓаните за затекнатата финансиска состојба.
Анализа дава фрапантни бројки.
До денес, општина Пробиштип има обврски, или ако повеќе сакате долгови од вкупно 159 милиони денари или 2.585.000 евра, од кои
• 90 милиони денари – на правни и физички лица
• 4 милиони денари – позајмица од Министерство за финансии
• 25 милиони денари – кредит од СБ
• 40 милони денари – Гарант на кредит за филтер станица
Само обврските за правните и физичките лица кои се доспеани надминуваат 90 милиони денари или над 1,5 милиони евра.
Сè уште пристигаат ситуации од фирмите за кои немам точна и конечна бројка, но таа се очекува да надмине 15 милиони денари.
Долгот е пресметан според досега пристигнати фактури за стоки и услуги, временски ситуации за извршени градежни работи, обврски по гаранции за плаќање и други видови на финансиски документи за задолжување.
Речиси сите од овие долгови се доспеани т.е. времето за плаќање им е поминато.
Ова докажуа дека општина Пробиштип во изминатиов период била неликвидна и не ги плаќала своите обврски во согласност со Законот за фискална дисциплина.
Во горенаведените долгови не се вкалкулирани долговите кои ги има Општината по основ на дадени ваучери за награди и стумулирање на ученици, ментори, спортски клубови и слично.

Поради превисоки трошења и ненавремено плаќање општина Пробиштип секојдневно се соочува со блокада, која во ове 2 недели во договор со фирмите умешно ја менаџираме.
Од долговите кои ги објавуваме, близу 40 милиони денари се во судска постапка.
Со дел од фирмите со кои беше извесно дека ќе ги загубиме спровите, ние веќе направивме судско порамнување на долгот, со можност за исплата на повеќе рати.
Меѓутоа, ни претстојат тешки денови во кои ќе биде исклучително тешко да успееме да ја спасиме општининската сметка од блокирање.
Минатата година во ноември долгот по основ на правни и физички лица бил 50 милиони денари, што покажува дека за една година е зголемен за 80% или нови 40 милиони.
Имаме фирми кои биле редовно сервисирани финансиски, а сега интензивно вршат притисок за исплата на остатокот, со закани за извршни исправи и блокада.
Тоа ни дава за право да се запрашаме: Дали има некаква поврзаност на нив со поранешното раководство во Општината, за да го чекаат крајот на мандатот и да ја тужат и блокираат Општината, иако обврските доспеале многу поодамна.
Долговите надминуваат повеќе од 2 (два) реални годишни Буџети на општина Пробиштип.
За споредба, иако се проектирани 205 милиони денари Буџет за 2017 година, до денес, остварен е само 40% или 80 милиони денари.
За нерационалното трошење и недомаќинското работење во Општината ќе побарам од Државниот завод за ревизија да изврши комплетна ревизија на работењето во изминатите години и ќе оставам на институциите на системот да одлучат какви мерки ќе превземат.
Ние мораме на почеток да ја консолидираме работата на Општината и да ги надминеме трошоците во наредните години.
Секако ќе се обидеме со сите сили и со поддршка на Владата на Република Македонија да ги зголемиме приходите на Општината, со што ќе придонесеме за нејзин реален и домаќински раст и развој.
Ви благодарам!

Работен состанок за заедничка инвестиција во енергетска ефикасност

Денес (22.11.2017), Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, одржа работен состанок со Изведувачот на градежните активности на Дом за култура, градежната компанија Промонтинг.

Целта на работниот состанок беше од информативен карактер,  запознавање на Градоначалникот со моменталната состојба на терен, текот на имплементацијата на проектот. Од страна на изведувачот беше презентирана информацијата дека 77% од предвидените градежни активности се завршени, при што добивме уверување дека целиот проект ќе биде завршен навреме.

На средбата беа нотирани сите забелешки, сугестии и препораки, кои беа прифатени од сите вклучени страни со цел успешна реализација на активностите. Проектот за реконструкција на Дом на култура, е проект добиен преку програмата за прекугранична соработка со Бугарија, со партнерство со општината Рила. Вкупната вредност на проектот изнесува 9.679.820 денари и се однесува на комплетна промена на прозорците на објектот, поставување на изолациона фасада, реконструкција на кровната конструкција.

Состанок со општинската администрација

Денес (17.11.2017) се одржа утрински состанок со општинската администрација кој во наредниот период ќе биде пракса, а не исклучок.

Градоначалникот Драган Анастасов, ги информираше вработените во Општината за затекнатата состојба и за идеите за понатамошното функционирање. Тој даде охрабрувања кон вработените во локалната самоуправа да ја следат новата енергија и принципите на одговорност, отчетност, законитост и колегијалност.

Градоначалникот истакна дека времето на делби и поделби во општина Пробиштип е завршено, заедно со општинската администрација ќе биде сервис на граѓаните и партнер во остварување на нивните барања.

administracija 2

Конститутивна седница на Советот на општина Пробиштип

Денес, 07.11.2017 година се одржа Првата конститутивна седница на Советот на општина Пробиштип, на која за претседател беше избран Љупчо Благоевски од редовите на СДСМ.

Тој заблагодарувајќи се на довербата од колегите, истакна желби за конструктивна, плодна и успешна работа на Советот на општина Пробиштип, во интерес на сите граѓани.

Општина Пробиштип го доби петтиот Градоначалник

Денес (06.11.2017) од страна на општинската изборна комисија во Пробиштип и официјално беше доделено Уверението за Градоначалник на општина Пробиштип. Со тоа Драган Анастасов стана петтиот Градоначалник на општина Пробиштип. Исто така беше извршено примопредавање на функцијата Градоначалник од страна на Тони Тоневски, со што Анастасов и официјално го започнува својот четири годишен мандат.

primopredavanje gradonacalnik

Заеднички инвестиции во енергетската ефикасност

Проектот “Заедничка инвестиција во енергетска ефикасност“ (“Joint investments in energy effectiveness”) е склучен на ден 27.10.2016 година помеѓу општина Рила Република Бугарија, како водечки партнер и општина Пробиштип со седиште на ул. “Јаким Стојковски“бр.1, 2210 Пробиштип, Република Македонија како втор партнер на проектот. Проектот е финансиран од Програмата  Interreg-IPA CBC CCI 2014TC16I5CB006, со број на Договор РД-02-29-235/27.10.16 и Референтен број CB006.1.11.103.

Вкупниот буџет на Проектот е 366 811,00 а времетраењето на проектот е 18 месеци.

Зголемувањето на енергетската ефикасност е активност која истовремено ќе влијае на заштита на човековата околина, заштита на природата, социјалниот и економскиот живот во двете партнер општини и подигање  на свеста кај населението за важноста од заштита на природата . Имплементацијата на националната политика за енергетска ефикасност е возможно да се примени со активно учество на општините носени од фактот дека тие се главниот фактор, од чии активности зависи зголемувањето на енергетската ефикасност на зградите и останатите објекти кои зависат од енергија.

Главните активности на проектот вклучуваат имплементација на административни згради во општина Рила и општина Пробиштип, што го прави проектот во целост во согласност со специфичните цели на Повикот:

  1. Подобрување на енергетската ефикасност на зградите на општините. Општина Пробиштип имплементира постојани активности во областа на заштит на животната средина.
  2. Минатата година заврши проект во општина Пробиштип, исто така фнансиран од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија кој се однесуваше на адаптација на детска градина во енергетски ефикасна зграда со промена на врати прозори, фасада и кровна изолација.
  3. Очекувани резултати од имплементација на мерки за енергетска ефикасност на општинските згради се:
  • Подобрување на условите на јавните згради и зголемување на нивната енергетска ефикасност;
  • Намалување на трошоците за греење на општинскиот буџет заради заштита на енергијата;
  • Поефикасно користење на зградата јавната инфраструктура;
  • Подобрување на удобноста на објектите на јавните институции;
  • Намалување на емисиите на карбон и јаглерод диоксид од јавните згради;

Двете општини се загрижени и преземаат мерки за заштита на животната средина. Општина Пробиштип учествува во Програмата за Конзервација на Природата во Македонија – проект на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка ((SDC) и настојува да ги поддржи активностите за заштита на природата и локалниот развој во Брегалничкиот регион. Програмата започна во 2011 и ќе трае се до 2016. Преку програмата се имплементираа многу активности со цел да се редуцира потрошувачката на енергијата. Сегашниот проект ги поддржува главните настојувања на Програмата за заштита на Природата и човековата околина.

Општа цел: Општа цел на проектот е заштита на околината преку намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор.

Специфични цели се: 1.Репарирање и реконструкција на општинските згради во Рила и Пробиштип, со цел да станат помали потрошувачи на енергија; 2. Да се спроведе семинар за дискусија и да се создаде основа за идна соработка, размена на искуства и знаење помеѓу двете општини во областа на заштита на животната средина и превенција од загадување. На овој начин проектот е во потполна согласност со Јавниот Повик и Програмата придонесувајќи под Priority Axis 1: Околина, имено Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и оддржливо искористување на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион.

Активности на проектот се:

  1. Формирање на проектни тимови во двете општини и воспоставување на основни постулати за менаџирање на проектот;
  2. Реконструкција на зградата во Рила;
  3. Реконструкција на зградата во Пробиштип;
  4. Заеднички семинар во Рила;
  5. Видливост на проектот и публицитет;

Заедничките активности на двата партнера за имплементација на поектот целосно е во согласност со проектната идеја. Предложените активности водат кон воспоставување на оддржлива соработка помеѓу партнер општините врз база на имплементација во различни свери на социјалниот и економскиот живот и развој на заедниците како и зајакнување и зближување на населението на двете општини.

OPIS NA PROEKTOT

Објава бр.10 за продажба на недвижни ствари

Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-239/8 од 15.03.2017 година, се следните недвижни ствари :

Зграда на стара бензинска пумпа на КП бр. 1017/1 на ул.„Миро Барага“ бб зграда 1 влез 1 на приземје со намена Б4-6 други деловни простори во површина од 86 м2 евидентирана во Имотен лист 4748 за КО Пробиштип со утврдена пазарна вредност од 1.693.233,00 денари.

Повеќе информации на следниот линк: http://e-aukcii.probistip.gov.mk/item/155

Objava 10