Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, имаше прием на младите спортисти кои од републички натпреварувања се вратија со освоени медали. Овој пат тоа беа младите одбојкари од ОК „Весна Пробиштип“, кои се вратија од кадетското државно првенство во одбојка со освоено трето место и младите кошаркарки од СОУ „Н.Н. Борче“, кои од овагодишната Гимназијада се вратија со сребро. Искажувајќи ја благодарноста за постигнатиот резултат и достојното претставување на општина Пробиштип, Градоначалникот им најави спортска опрема на младите кошаркарки и најави зголемување на средствата во спортот од наредната година со цел мотивирање на младите спортисти за постигнување на спортски успеси. Заедничката фотографија со овие млади спортисти беше овековечена преку заедничка фотографија од средбата. Овој настан со своето присуство го збогатија младите фудбалери од ФК „Рудар – јуниор“, од генерацијата 2006, 2007 и 2008, кои дојдоа да се заблагодарат на Градоначалникот за поддршката која ја имаат од Општина Пробиштип, подарувајќи му дрес. Градоначалникот им посака успешно претставување на нашата општина на меѓународниот турнир во фудбал во Белград, Република Србија.

priem sportisti (3)

bty

bty

Р.И.