ПРОЕКТ МЛАДИНСКА КАРТИЧКА

Агенцијата за млади и спорт го имплементира проектот „Младинска картичка“ кој нуди попусти за млади од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите и се дел од секојдневието на еден млад човек. За таа цел упатуваме апел до сите правни субјекти од Општина Пробиштип да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво.

Правните субјекти имаат можност да одредат своја понуда на попусти за младите и да ја презентираат истата преку младинската картичка, со што ќе успеат да се промовираат и помеѓу младите на локално ниво, но исто така и помеѓу сите млади корисници на картичката. Картичката овозможува директен контакт на компаниите со младите и претставуваа можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категоријата млади од 15 до 29 години.

Од друга страна овој проект ќе овозможи финансиско олеснување за младите и голем број на поволности и бенефиции во нивното секојдневие, што ќе го подобри начинот на живот на младите, за што ние како општина континуирано се залагаме.

Правните лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да добијат повеќе информации за можноста за воспоставување на партнерски однос со Агенцијата за млади и спорт во врска со овој проект, можат да се обратат во Општината во Одделението за  локален економски развој, на е-пошта: info@probistip.gov.mk или на телефон: 032 483 131 локал. 102.

Ги охрабруваме правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето на алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе, најдоцна до 10.05.2019 година.

Концептот на општествена одговорност треба да биде применет во работата на секоја компанија и секогаш да работиме во насока на подобрување на квалитетот на живот во општество за сите.

ОДРЖАНА ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

Денес, 16.04.2016 година се одржа деветата седница на Локалниот совет за превенција при општина Пробиштип. Темата на седницата беше „Улогата и значењето на институциите за безбедно спроведување на Претседателските избори 2019“.

На седницата присуствуваа претсавници од Секторот за внатрешни работи од Штип, Полициска станица од Пробиштип, претседателот и членови на Советот на општина Пробиштип, преставник од Општнската изборна комисија, Советодавната граѓанска група, претсавници од образование, здравство, медиуми и други.

За надлежностите на Општинската изборна комисија зборуваше претседателката Ана Ѓоргиева, командирот на Полициската станица Пробиштип, Панче Јовановски ја истакна улогата на полицијата при обезбедувањето на Претседателските избори. Свое излагање имаше и началникот на отсекот за превенција од СВР Штип, Ангелче Стојановски, којшто зборуваше за составот и улогата на Локалниот совет за превенција за цел успешно спроведување на изборите.

Заклучок од седницата изнесе Љупчо Благоевски, којшто ја водеше седницата во замена на градоначалникот, со порака до граѓаните на општина Пробиштип, да покажат одговорност на овие избори, да се одржат во мирна и безбедна атмосфера, согласно изборните закони без да се загрози безбедноста и мирот на граѓаните.

prevencija 2

Бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта

По повод Светскиот ден на здравјето – 7 април, ЈЗУ Здравствен дом “Нада Михајлова” – Пробиштип во соработка со општина Пробиштип организира хуманитарна акција – Бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Акцијата ќе се одржи на плоштадот „Св.Гаврил Лесновски”, на 07.04.2019 година  (недела) од 11:00 до 14:00 часот.

Одбележан 3 Април – Ден на нападот на рудниците во Пробиштип

Во организација на Општинската организација на резервни офицери на Пробиштип, а под покровителство на Градоначалникот на општина Пробиштип, на спомен паркот „Братство и единство“, се одржа свечено одбележување на 3 април, нападот на рудниците за олово и цинк „Злетово“ од страна на Третата македонска ударна бригада во далечната 1944 година, а од минатата година е и патрон на ОО на резервни офицери на Пробиштип.
Одбележувањето на Денот започна во раните утрински часови со марш до месноста „Солиште“. Подоцна, на спомен паркот „Братство и единство“ се одржа централната манифестација со културно уметничка програма, во склоп на која се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од повеќе делегации.

3 April 2019 2 3 April 2019 3 3 April 2019 4 3 April 2019 5 3 April 2019 6 3 April 2019 7

Соопштение, известување, покана и анкетен лист за Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 13.2

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 13.2 КО Пробиштип, општина Пробиштип
DUP-za-Blok-13.2-Probistip-58

Соопштение, известување, покана и анкетен лист за Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 13.1

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 13.1 КО Пробиштип, општина Пробиштип

 

Анкетен лист за ДУП за Блок 13.1

известување за ЈП и ЈА за Блок 13.1.p.g.-potpisano

Соопштение за ЈП и ЈА за Предлог-ДУП за Блок 13.1 Пробиштип

DUP-za-Blok-13.1-Probistip-56

Пробиштип дел од глобалната акција “Час на планетата земја”

Вечерва во центарот на градот на еден час се исклучија светлата на неколку локации, со што се упати една силна порака за прекумерна потрошувачка на енергија. Голем број млади луѓе јасно ја упатија својата порака за потребата од користење на алтернативна обновувачка енергија.

cas na planeta 2 cas na planeta 3 cas na planeta 1cas na planeta 4

На свеченост промовирана брошура 10 години “Пробиштипски маскенбал”

Со свеченост во салата на Домот на култура беше промовирана брошурата 10 години Пробиштипски маскенбал, под мотото 10 години сме, 10 години забава. Имаше презентација на развојниот пат на сите изминати 10 години. Од тешка импровизација до оригинална манифестација. Балетското студио “Магија” на многу оригинален начин ги презентира сите изминати години, а на поединци и институции им беа дадени благодарници за поддршка и унапредување на манифестацијата. Беа доделени и награди на најдобрите три креативно изработени маски, по конкурсот распишан од Општина Пробиштип.

10 godini maskenbal 1 10 godini maskenbal 2 10 godini maskenbal 3 10 godini maskenbal 4 10 godini maskenbal 5 10 godini maskenbal 7 10 godini maskenbal 8

СВЕТИЛКИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ЌЕ СЕ ИСКЛУЧАТ 1 ЧАС ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА НА ГЛОБАЛНАТА АКЦИЈА „ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Пробиштип вечерта на 30.03.2019 година (сабота) ќе им се придружи на над 7000 градови во светот кои во рамки на акцијата „Час на планетата Земја“ во 20:30 часот по локално време ќе го исклучат јавното осветлување на
одредени јавни површини во центарот на градот, во времетраење од еден час.
Ќе бидат исклучени светилките на главната улица „Јаким Стојковски“, ул „Јордан Стојанов“, градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ и Секундарниот плоштад.
Акцијата ќе ја поддржат милиони луѓе ширум светот кои вечерва симболично еден час ќе ги исклучат светилките во своите домови за спас на планетата Земја.
Акцијата е директно поврзана со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електричната енергија и користење на обновливи извори на енергија.

Поставени фотоволтаични системи на три јавни објекти во општина Пробиштип

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“. Преку реализацијата на овој проект, финансиран со средствата од Европската унија, се поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекта со што се допринесува за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку користење на алтернативни извори за производство на енергија и заштита на животната средина. Со средствата од Европската Унија во општина Пробиштип, финансирано е поставување на фотоволтаични системи на следните објекти ООУ „Никола Карев“, Спортска сала во ООУ „Браќа Миладиновци “ и ЈОУДГ „Гоце Делчев“ – објект Изворче.

Со овој проект се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија, согласно стратешките напори на Владата за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

Со набавката и инсталацијата на фотоволтаичните системи сите три објекти произведуваат по 15kW електрична енергија на час, со што се направија значајни заштеди кај овие објекти, воедно директно се намалауваат трошоците на Општината.

fotovoltaici2 fotovoltaici3