На ден 27.07.2023 година (четврток) во раните утрински часови во периодот од 05:00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.
Истиот ден (27.07.2023 година, четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши четврто адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.