Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Пробиштип аплицираше со под-проект за „Примена на мерки за енергетска ефикасност во системот за улично осветлување на општина Пробиштип и замена на постоечки светилки со енергетски ефикасни“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални работи” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот.
Известување и Дневен ред за јавни консултации на ПУЖССР подпроект општина Пробиштип
Формулар за поднесување коментари
План за управување со животната средина и социјалните работи