По едногодишната пауза поради ковид пандемијата, Општина Пробиштип продолжи со организирање на традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ на месноста Жгури каде пробиштипјани со посна трпеза, музика, песна, игра и бадникарски оган направија вовед во празниците што следат. Кумови на настанот се Рудниците за олово и цинк „Булмак 2016“ , кои се потрудија и годинава посната трпеза да биде богата.
Манифестацијата започна во раните утрински часови во ресторанот „Меана кај Чомбе“ каде се собраа претставници од бизнис секторот кои делеа погача и на тој начин го бираа кумот за наредната година. Оваа година и се посреќи по трет пат на Рудниците за олово и цинкова руда „Булмак 2016“. Настанот продолжи на месноста Жгури каде исто така се делеше погача, а годинава му се посреќи на Бранко Стојчевски кој исто така ќе биде дел од организацијата за наредната година. Кумството го превзема од овагодишниот кум од граѓанството, Боро Kрстов.
Среќни и бериќетни празници. За многу години.