С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

            По повод 8-ми декември, св. Климент Охридски, на 07.12.2021 година, во холот на Дом на културата „Злетовски рудар“, со почеток во 11 часот ќе биде организирана изложба на фотографии со мотиви од Пробиштип и од нашата општина, а на истата ќе бидат доделени наградите на наградените на Конкурсот за најдобра фотографија.

            Сите љубители на убавата фотографија ќе имаат убава можност да го видат нашиот град и општината од еден друг агол преку објективот на фотографите.

 

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

                                                                                      ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ