Со свеченост на која учествуваат учениците, во сите општински училишта во 7 и 30 часот со звукот на звончето и официјално започна новата учебна година. Во општина Пробиштип новата учебна година ја започнаа 1360 ученика, од кои 1074 во основните, а 286 ученика во средното општинско училиште.
Во училишните клупи за прв пат седнаа 109 првачиња, од кои 73 во ООУ „Браќа Миладиновци“ и 36 во ООУ „Никола Карев“. Во СОУ „Н.Н. Борче“ во прва година се запишаа 78 ученика.
Градоначалникот Драган Анастасов на сите првачиња, честитајќи им го првиот ден на училиште и посакувајќи им среќа и успех во учењето, им дари училишен прибор.