Општина Пробиштип го имплементира проектот „Мрежа од услуги за еднакви можности за сите“ преку програмата Општинско – корисна работа, финансиран од страна на УНДП. Крајни корисници се децата од претшколско образование, ученици инклузирани во редовна настава, корисниците во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, старите лица и лицата со оштетен вид.
Преку овој проект ангажирани се вкупно 12 лица со скратено работно време за стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Ангажирани се шест лица во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ од кои четири се негувателки, еден воспитувач и еден психолог, две лица се ангажирани во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, двајца образовни асистенти работат со инклузирани ученици, едно лице е ангажирано како негувател за помош грижа и опслужување на старите и изнемоштени лица кои живеат во Пробиштип и едно лице е ангажирано за грижа на лицата со оштетен вид. Невработените лица -корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман правото на користење на социјална помош им е активно и статусот на невработени останува непроменет. Проектот се реализира во соработка со Центар за социјална работа и АВРМ – Центар за вработување Пробиштип.