На 31.05.2018 година во канцеларијата на Одделението за локален економски развој и заштита на животната средина, се одржа средба со здруженијата на граѓани од општина Пробиштип. На средбата присуствуваа здруженија на граѓани кои работат во областа на алтернативен туризам, земјоделие, заштита на животната средина, уметност, лица со посебни потреби, планинарство, подготовка на бавна храна и сл.
Претставниците на овие здруженија беа запознаени со претстојниот Јавен Повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината, за проекти кои ќе бидат поднесени од страна на здруженијата кои работат во општина Пробиштип.
Исто така, тие беа задолжени за пополнување на прашалници со податоци кои ќе дадат еден краток профил на секое здружение, со цел формирање на базата на податоци за невладин сектор, која во иднина ќе се користи при изработката на Стратегија за развој на невладиниот сектор во општина Пробиштип.
За подготовка на овој значаен документ ќе се организираат неколку последователни работилници од страна на општина Пробиштип, каде ќе се опфатат сите заинтересирани здруженија на граѓани од нашата општина и истите ќе дадат свој придонес во определување на приоротетите за развој на навладиниот сектор како целина, но и приоритетни развојни програми и активности вклопени во Акциони планови за секое здружение посебно.
Во врска со формираните локални акциони планови (ЛАГ) или поконкретно ЛАГ Брегалница (bregalnica.lag.mk) во која учествуваат 6 општини како и општина Пробиштип, исто така беа информирани за можноста за членување во ова новоформирано здружение на граѓани ЛАГ Брегалница, кое ќе работи на проекти за рурален развој за финансиска поддршка од IPARD Програмата.
Здруженијата на граѓани на општина Пробиштип ќе даваат свои предлози за активности кои следнта година би се опфатиле во Подпрограмата за поддршка на здруженија на граѓани на општина Пробиштип.